понедељак, 25. децембар 2023.

Отворен ден по граѓанско образование

 

На 21 ноември 2023 година, со почеток во 11.30 часот беше одржан петтиот по ред Отворен ден по граѓанско образование, овој пат во просториите на нашето училиште ООУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево. Отворениот ден беше организиран на темата „Стоп за врсничкото насилство.“

За овој настан инспирација беа честите случаи на врсничко насилство кои се среќаваат насекаде а не сме исклучок и ние како држава. Проектот и оваа година беше реализиран со учениците од IX одд.

Во рамки на Отворениот ден, на оваа тема говореа учениците од IX одделение, Милица Јордановска, Мартина Стојановска, Ема Станоеска и Јована Пешова. За настанот беа подготвени два ораторски говори и една презентација. На крајот од настанот, на присутните им беше поделен едукативен материјал – летоци и флаери.

Во подготовката на настанот покрај учениците од IX оддeление, учествуваше и  наставничката по граѓанско образование, Валентина Јанкоска. 

Одговорни наставник

Валентина Јанкоска

 

Нема коментара:

Постави коментар