среда, 27. децембар 2023.

Естетско уредување по повод Нова година

 

    Одговорните наставници Мануела Маркоска и Виолета Николин со своите ученици од IVб и  Vб одделение во рамките на слободните ученички активности реализираа креативна работилница, во која изработуваа декоративни ликовни творби со новогодишни мотиви: новогодишни ѕвезди со дрвени стапчиња, џуџиња од хартија, слатки картонски куќички и голема слатка картонска куќа, слатки картонски колачиња и голема рамка за фотографирање.

За време на активностите се забележуваше позитивна работна атмосфера, учениците работеа во групи и парови. Меѓусебно си помагаа и соработуваа, а резултат беа прекрасните креации од учениците од двете одделенија, кои сега го красат училиштниот хол и просторот кај бината во училиштето.




Одговорни наставници:

Мануела Маркоска и

Виолета Николин

Нема коментара:

Постави коментар