уторак, 01. октобар 2019.

УЧЕНИЧКИ ПАРЛАМЕНТ


На самиот почеток на учебната 2019/2020 година во рамките на секоја паралелка на демократски начин се избираат претседател и заменик претседател во паралката. Учениците избрани во паралелките се членови на Ученичкиот парламент. Членовите на Ученичкиот парламент на првоит состанок  беа повикани од директорот на училиштето Љубица Наумовска и на најдемоктатски начин и според јасни критериуми ги избраа Претседателот и Ученичкиот правобранител:
      I-V одд. Претседател Андреј Јаневски ученик во 5-в одд.
      VI-IX одд. Претседател Ива Тасевска ученик во 9-а одд.
За ученички правобранител членовите од Ученичкиот парламент по пат на тајно гласање го избраа Никола Десковски од VIII-б одделение.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ ЗА РАБОТА НА УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ:
-да се поттикнува и развива кај учениците смисла за иницијатива, согледување, поставување и решавање на заедничките проблеми во својата средина;
-да придонесува за развивање и негување на другарски однос меѓу учениците;
-да се потикнуваат учениците да го чуваат угледот на училиштето, да го одржуваат редот и дисциплината во него, почитување на куќниот ред на училиштето;
-да се развива свест за постојана соработка со наставниот кадар во училиштето;
-да придонесува во организирањето и спроведувањето на културно-забавни и рекреативно-спортски активности;
-поттикнување, организирање и реализирање на активности од хуман карактер, екоошки активности и општествено корисна работа.

Одговорни: Весна Рафеска, Адријана Кукоска и Валентина Јанкоска


Нема коментара:

Постави коментар