петак, 24. фебруар 2017.

Актив на одделенска настава

На 23.02.2017г. се одржа состанок на Активот на одделенска настава на кој беа презентирани  главните наоди и препораки од националната студија за процена на јазичната и математичката писменост кај учениците од почетните одделенија

Процената на јазичната и математичката писменост кај учениците од почетните одделенија, преку инструментите ЕГРА (за јазична писменост) и ЕГМА (за математичка писменост) ни овозможуваат да увидиме дали децата успеале да ги совладаат основните јазични и математички вештини врз чија основа се надградуваат сите други вештини во животот, и доколку тоа не е случај, во кои области на учениците треба да им се обезбеди дополнителна поддршка. Оваа информација е од суштинско значење за подобрување на квалитетот на образованието во основните училишта во Република Македонија.
Првата студија за процена на јазичните и математичките вештини со ЕГРА и ЕГМА инструментите на национално ниво беше спроведена во мај 2016 година на репрезентативен примерок од 8000 ученици на македонски, албански и турски наставен јазик од сите основни училишта во земјата.
 ЗОШТО процените се вршат во почетните одделенија?
• Способноста да се прочита и разбере едноставен текст е една од основните вештини што треба да ја научи едно дете
• Научните истражувања покажуваат дека способноста да се научи да се чита доволно брзо уште на рана возраст е од суштинска важност за детето да научи да чита течно и со разбирање
• Доколку детето не научи да чита и не ги совлада основните математички концепти и операции на рана возраст, подоцна е потешко да се стекнaт тие вештини

• Во Македонија нема доволно податоци за читањето на учениците од почетните одделенија на национално ниво 

Нема коментара:

Постави коментар