среда, 01. фебруар 2017.

Професионален развој


Обука  со  наставници  „Емоционална  писменост“

На 11. 01. 2017 год . од страна на училишниот психолог беше реализирана обука  на тема „ Емоционална писменост “.
Во рамките на наведената обука беа обработени следниве теми :
          *Значење на довербата
             *Концепт за ЕГО состојби
             *Концепт за „ контакти“
             *Отварање на срцето
             *Истражување на емоционалниот пејзаж
             *Превземање на одговорност
              
Сите учесните изразија задоволство и покажаа голем интерес за  содржините кои беа предмет на работа  на оваа обука.

                                                 Обучувач  психолог  Јорданка  Радевска



ДИСЕМИНАЦИЈА „Читаме, учиме и се забавуваме“

Според планот за работа на Активот на одделенска настава беше реализирана дисеминација од еднодневната обука „Читаме, учиме и се забавуваме“ од проектот „Со читање до лидерство“
Пред наставниците од одделенска настава од страна на учесниците кои ја посетија обуката  беа презентирани следните  техники:
     Светлана Жежовска: Подрачје Препознавање букви и зборови:
Ѕиден буквар; Песна на азбуката; Азбучна лента; Азбучен воз; Госпоѓицата од А до Ш; Азбучно бинго;
Весна Рафеска: Подрачје Читање текст и Вклучување на семејството во процесот на описменување на децата

Игра на  шифрирање и дешифрирање; Скриени букви; Имате прашање? – со прашување до читање
·                    Елизабета Младеновска: Подрачје Разбирање не текст:
Читај за да нацрташ и раскажи што си нацртал; Приказна во тегла; Детектив на зборови; Ѓердан од зборови; Да сум . . .; Прашања за прочитаната книга;

Одделенските наставници искажаа задоволство од релизиранат дисеминација и сметаат дека сетот од техники ќе најде примена на часовите по македонски јазик при описменување во почетните одделенија.



Нема коментара:

Постави коментар