понедељак, 5. јул 2010.

за училишната библиотека

     Библиотеката е едно од најпосетените места во нашето училиште. Постои уште од отварањето на нашето училиште и со неа во почетокот раководеле одговорни наставници, а потоа библиотекар. Библиотеката отпрвин располагала со мал број книги, но постепено бројот се зголемувал и денес таа е една од најголемите училишни библиотеки во Македонија. Располага со повеќе од 22000 книги како и со обемен аудио и видео материјал. Секоја учебна година библиотеката се збогатува со многу нови книги (купени, подарени од страна на учениците, вработените или од различни донации). Покрај големиот број книги библиотеката располага и со аудио касети, ЦД-а и др. Во составот на активностите на библиотеката спаѓа и активното работење на библиотекарската секција која секоја година се обновува со нови членови. Библиотекарката и членовите од библиотекарската секција редовно го посетуваат Саемот на книгата, организираат литературни читања, изложби на книги и средби со најпознатите детски писатели и поети од Македонија. Библиотеката е прва библиотека со сопствен софтвер и е прва училишна библиотека-медијатека во Македонија. 
Јовановска Ема и Моника Антиќ  VIII-в одд

Нема коментара:

Постави коментар