уторак, 6. јул 2010.
Спортот во нашето училиште
АКТИВНОСТИТЕ НА УЧИЛИШНИОТ ХОР И ОРКЕСТАР
понедељак, 5. јул 2010.
за училишната библиотека
Библиотеката е едно од најпосетените места во нашето училиште. Постои уште од отварањето на нашето училиште и со неа во почетокот раководеле одговорни наставници, а потоа библиотекар. Библиотеката отпрвин располагала со мал број книги, но постепено бројот се зголемувал и денес таа е една од најголемите училишни библиотеки во Македонија. Располага со повеќе од 22000 книги како и со обемен аудио и видео материјал. Секоја учебна година библиотеката се збогатува со многу нови книги (купени, подарени од страна на учениците, вработените или од различни донации). Покрај големиот број книги библиотеката располага и со аудио касети, ЦД-а и др. Во составот на активностите на библиотеката спаѓа и активното работење на библиотекарската секција која секоја година се обновува со нови членови. Библиотекарката и членовите од библиотекарската секција редовно го посетуваат Саемот на книгата, организираат литературни читања, изложби на книги и средби со најпознатите детски писатели и поети од Македонија. Библиотеката е прва библиотека со сопствен софтвер и е прва училишна библиотека-медијатека во Македонија. Јовановска Ема и Моника Антиќ VIII-в одд
Секциите во нашето училиште

Во нашето училиште за учениците кои сакаат да ги прошират,
како и да ги применат стекнатите знаења по одредени предмети
организирани се повеќе ученички секции. Секциите имаат
часови еднаш до двапати седмично и на нив, во зависност од
предметот, тие прават експерименти, набљудуваат, креираат,
творат, решаваат задачи, и слично. Тие им помагаат на
учениците подобро да комуницираат, да се дружат, забавуваат,
а притоа им овозможуваат и повеќе да научат. За жал некои од
ученичките секции не функционираат поради немање
материјално-технички средства.



