уторак, 25. октобар 2016.

ДЕТСКА НЕДЕЛА



Во периодот од 03.10 до 07.10. 2016 година во нашето училиште се одбележа Детската недела под мотото: „И децата прашуваат“,  со низа активности од прво до петто одделение.
Ø Моите права моите  обврски;
Ø Ајде да се дружиме, помош да си пружиме-изработка на апликации ,,рачиња,, -пишување порака до наше другарче;
Ø И децата се прашуваат –ликовно и литературно творење;
Ø ,,Дрво на убави зборови –пишување убави зборови на ,,срциња;
Ø Сликање на тема ,,Чекориме во убавиот детски свет“.
   


          






На 7.10.2016 година учениците од прво одделение станаа членови на Детската организација, кога им беа поделени беџови и детски пасоши. За таа цел беше организирана и свечена приредба и прочитана заклетвата.   





На учениците од второ до петто одделение им беа поделени маркички во вредност од 5 денари. Собраните средства од маркичките остануваат за потребите на Детската организација, додека паричните средства од беџовите ќе бидат уплатени на жиро сметка на Советот за грижи.

  Одговорни наставници: Богданка Пановска, Весна Милановска

понедељак, 17. октобар 2016.

„Македонија без отпад “

   На 30.9.2016 година еколошката секција од нашето училиште реализира еколошка акција согласно со акцијата - „Македонија без отпад“. По тој повод беа организирани низа активности  од страна на учениците членови во Еколошката секција во која се вклучени ученици од одделденска и предметна настава. Тие го исчистија училишниот двор од отпадоци, ги поттикнуваа другите ученици да го следат нивниот пример за да се развива колективно еколошката свест во училиштето. Акцијата траеше околу еден час и училишниот двор беше успешно исчистен од отпадоци. Како и секоја година така и оваа година овој ден на големо задоволство на учениците успешно беше реализиран и одбележан.
                          Одговорни наставници: Светлана Жежовска – одделенски наставник
                                                                     Љубица Наумова –предметен наставник


среда, 28. септембар 2016.

МАНИФЕСТАЦИЈА ПО ПОВОД ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ


Европскиот ден на јазиците беше одбележан  во ООУ „ Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево. Наставниците по англиски јазик Магдалена Бадарова, Анета Макревска и Маја Димеска  заедно со наставниците по француски јазик Наталија Делева и Анета Ѓуровска-Арсовска во соработка со наставникот по музичко образование Даме Коларовски, подготвија манифестација во чии рамки учествуваа ученици од прво до деветто одделение.Учениците се претставија со каратки изреки на англиски јазик, рецитал на француски јазик, драматизација, како и две песни во живо на англиски јазик и една песна на француски јазик. Темата на целата манифестација беше “Пријателството денес“.









уторак, 6. септембар 2016.

1. септември 2016 година

     
     Денеска како и во сите училишта, така и во нашето, започна новата учебна година.
   Почетокот традиционално беше одбележан со прием на првачињата. За таа цел нивните постари другачиња подготвија и изведоа куса приредба, по што свое обраќање кон дечињата и нивните родители имаше и директорот на училиштето Елизабета Славковска. На крај првачињата со своите учителки појдоа во нивните училници каде им беа поделени скромни подароци и каде поубаво меѓусебно се запознаа.
















среда, 15. јун 2016.

ПРОТИВПОЖАРНА ОБУКА

                   На 31. 05. 2016г. согласно Програмските определби, Одлуката на управниот одбор на ОППС Кисела Вода и Училишната гдодишна програма, општинскиот противпожарен сојуз „Кисела Вода“ изведе противпожарна обука на вработените во нашето училиште.
          Обуката траеше пет часа во која беа опфатени теоретски и практичен дел.
          Теоретски дел на темата: -противпожарна превентива;
                                                          -причини за настанување пожари и
                                                          -опис и намена на противпожарни апарати.
     Практичен дел на темата: -ракување и гаснење на импровизиран пожар со ПП апарати.

          За изведената обука сите вработени добија Потврда дека ја следеле обуката.








понедељак, 6. јун 2016.

Oбукa: „Учење преку игрa“

На 06.05.2016г. професорката  по одделенска настава и авторка на прирачникот Учење преку игрa - Кети Сталеска, реализира обука на активот на одделенските наставници, во присутво на педагогот - Весна Рафеска, психологот - Јорданка Радеска и директорката - Елизбета Славковска.    
Прирачникот е прв од таков вид како самостојно и авторско дело во кое се содржани игровни техники за подучување на учениците. Различноста и специфичноста на овој прирачник е спојот на когнитивните со физичките активности при совладување и утврдување на наставните содржини. Истовремено, игровните техники или игрите за подучување лесно се прилагодливи кон различни наставни цели или образовни системи. Основна причина за тоа е единствениот мотив кој преовладува во прирачникот- играта, која е суштинско значајна активност и потреба за правилен психо-социо-емоционален и физички развој на децата, искористена како наставно средство и помагало во едукативниот циклус за учениците од почетните одделенија.

Прирачникот е рецензиран од проф. Елица Младеновска и м-р Петар Ивановски. Обуката се состоеше од два дела.  На почетокот, наставниците беа запознаени преку презентција  со тоа што е играта и колку е значајна за детскиот развој преку искази и истражувања од светски значајни психолози, едуктори, педагози и сл. Вториот дел од обуката се состоеше од практичен дел каде наставниците ги реализираа дел од предложените игровни активности, симболично поистоветувајќи се во улога на ученици. На крајот од обуката се сумираа позитивни импресии и коментари од учесниците. Исто така, обуката беше земена како основа за дополнителен поттик на наставниците за похрабро споделување на нивните идеи, мотив искажан од страна на психологот.

петак, 13. мај 2016.

Одбележување на Денот на Општина Кисела Вода „6 Мај –Ѓурѓовден“

Проект за меѓуетничка интеграција во образованието
Одбележување на Денот на Општина Кисела Вода „6 Мај –Ѓурѓовден“

На 06.05.2016г. учениците од двете партнер училишта: ООУ„Рајко Жинзифов“-н.Драчево и ЦОУ„Алија Авдовиќ“-с.Батинци, со цел за запознавање и непосредно учење едни за други, градење групна кохезија и кооперативност, почитување на различностите и меѓусебната соработка и кохезија, зедоа учество во одбележувањето на патрониот ден на општина Кисела Вода „6 Мај – Гурговден“.
За таа цел преку неколку заеднички средби 12 ученички (по 6 од двете училишта) заедно со нивните наставници заеднички приготвија кореографија на одбрана композиција. Преку содржината на песната и чекорите од кореографијата децата пренесоа порака дека секое дете сака да живее во чиста и здрава средина. Учениците изработија и заеднички пано на двата наставни јазика со што ѝ го честиттаа празникот на општината. Сите ученички на главите носеа венец со цветови како симбол за празникот „Ѓурѓовден“ и имаа исти маички во неколку бои.

За цело време на активностите напоредно се користеа двата наставни јазика, а најавата на точката на приредбата исто така беше искажана на двата јазика.
Ученичките искажаа големо задоволство за ваквата активност и посакаа повторно да се реализира слична активност со учениците од двете училишта.





КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАДИ

КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАДИ
еднодневна екскурзија
Според планираните екскурзии и посети за учебната 2015/16г. на 15.04.2016г. беше изведена еднодневна екскурзија до Колешинските водопади со учениците од  III-а,б,в и г одделение во придружба на нивните одделенски наставници. Екскурзијата беше реализирана во соработка со ТА”Македонија сообраќај, со високо-туристички двокатен автобус.

Поаѓањето беше во 8,00ч. од пред училиште. Попатно учениците се запознаваа со природните убавини на нашата татковина по течението на реката Вардар. Првото застанување беше  за посета на винаријата ”Стоби” каде стручно лице од винаријата ги  запозна учениците со процесот на производство, зреење и складирање на виното. Учениците беа активно вклучени  со поставување прашања.


Патувањето продолжи  со попатно, панорамско, запознавање со археолошкиот локалитет ”Стоби”, со детално објаснување од страна на водичот во автобусот по што околу 12,00ч. учениците пристигнаа  во подножјето на Беласица од каде пеш за околу 40 минути пристигна до Колешинските водопади. Тука учениците имаа време за  одмор и уживање во убавините на водопадите.


Околу 14,00ч. ја посетија и Струмица каде беше изведена прошетка во градскиот парк, а во 17,00ч. појдоа кон Скопје со попатно разгледување на дел од Источна Македонија. Пристигнувањето беше во 19,00ч. пред училиштето.


Одд. наставници: Виолета Ѓеоргиева, Моника Трајковска, Мира Јовеска, Маја Атансасовска  Спасеска, Цветанка Гајдовска

петак, 6. мај 2016.

ЕКО ПРОЕКТ - „Цветна Македонија“

Хортикултурно уредување на училишниот двор како и во училницата


        На 28.04.2016г. учениците од  I – Б  одделение заедно со наставничката Татјана Трпеска го одбележаа доаѓањето на  големиот христијански празник Велигден, како и Празникот на Трудот  1 Мај, а и планираните Еко-содржини за оваа учебна година!
        Учениците донесоа и засадија семиња од млади садници и млади цветови насади од дома, во училницата изработија ѕидно пано на кое беше нацртана Р. Македонија и на неа беа залепени разновидни цветови. Републиката ја држат рачињата на учениците кои симболично ја претставуваат иднината на нашата држава.
        Со изработениот хамер продефилираа низ училишниот двор кој потоа го истакнаа на видно место во холот на нашето училиште.