петак, 13. мај 2016.

КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАДИ

КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАДИ
еднодневна екскурзија
Според планираните екскурзии и посети за учебната 2015/16г. на 15.04.2016г. беше изведена еднодневна екскурзија до Колешинските водопади со учениците од  III-а,б,в и г одделение во придружба на нивните одделенски наставници. Екскурзијата беше реализирана во соработка со ТА”Македонија сообраќај, со високо-туристички двокатен автобус.

Поаѓањето беше во 8,00ч. од пред училиште. Попатно учениците се запознаваа со природните убавини на нашата татковина по течението на реката Вардар. Првото застанување беше  за посета на винаријата ”Стоби” каде стручно лице од винаријата ги  запозна учениците со процесот на производство, зреење и складирање на виното. Учениците беа активно вклучени  со поставување прашања.


Патувањето продолжи  со попатно, панорамско, запознавање со археолошкиот локалитет ”Стоби”, со детално објаснување од страна на водичот во автобусот по што околу 12,00ч. учениците пристигнаа  во подножјето на Беласица од каде пеш за околу 40 минути пристигна до Колешинските водопади. Тука учениците имаа време за  одмор и уживање во убавините на водопадите.


Околу 14,00ч. ја посетија и Струмица каде беше изведена прошетка во градскиот парк, а во 17,00ч. појдоа кон Скопје со попатно разгледување на дел од Источна Македонија. Пристигнувањето беше во 19,00ч. пред училиштето.


Одд. наставници: Виолета Ѓеоргиева, Моника Трајковска, Мира Јовеска, Маја Атансасовска  Спасеска, Цветанка Гајдовска

Нема коментара:

Постави коментар