уторак, 8. април 2025.

МИМО Краткотрајна заедничка активност „Здрава храна за детство без мана“ со партнер училиште ООУ „Алија Авдовиќ“ с. Батинци

Учениците од 3а, 3б, 3в одделение од нашето училиште заедно со своите другарчиња од училиштето "Алија Авдовиќ" од с. Батинци меѓусебно се запознаа, се дружеа, стекнаа нови знаења, вештини, вредности, непосредно учеа едни за други, со цел развивање на свест за припадност и почитување на различностите.

Во активноста беа вклучени по осум ученици од двете училишта, а за време на активноста се зборуваше на наставните јазици на кој учат учениците т.е. македонски и албански јазик. Во активноста се вклучија одделенски наставници Софија Лукровска, Билјана Стефковска и Кети Сталеска. Учениците работеа во парови, имаат за задача: Активност бр. 1 - Да обојат сликички со овошје и заленчук, да ги исечат и да ги залепат на хартиени тањирчиња. Активност бр. 2 – Да состават сложувалки со овошје и зеленчик и да создадат заедничка творба на која ги напишаа имињата на овошјата и зеленчуците секој на свој јазик. За време на работата учениците имаа можност да соработуваат, да се договараат, да комуницираат и непосредно да учат едни за други. За цело време додека траеше работилницата се зборуваше на двата наставни јазици. За одредено време учениците создадоа ликовни творби на кои со задоволство си ги напишаа и своите имиња секој на свој јазик. Гатанки се читаа на двата наставни јазици, а учениците одговорите ги даваа секој на својот јазик. На крајот од активностите следеше презентација на заедничките продукти искажана и на македонски и на албански јазик. Сите ученици меѓусебно се запознаа, другаруваа и посакаа средбата да се повтори.

Oдделенски наставник: Лукровска Софија





Нема коментара:

Постави коментар