среда, 30. април 2025.

АПРИЛ МЕСЕЦОТ НА АУТИЗМОТ

Во нашето училиште „Рајко Жинзифов“ по повод месецот на Аутизмот се организираа различни активности од страна на училишниот дефектолог и образовните асистенти кои даваа поддшка на децата со попреченост. 

Активностите беа  изведени во прво, второ, трето, четврто и пето одделение.  

Во активноста под мотото „Добрина на дело“ се одржа дискусија за тоа како добрината создава инклузивен свет, а потоа секое дете пишуваше картичка со некој добар збор кој подоцна беше изложе на „Дрвото на добрината“. 

Активност „Сензорно славање-Свет со бои“ оваа активност беше изведена со истражување на различни текстури, звуци и визуелни ефекти за да разберат сензорни искуства.  За време на оваа активност учениците боеа сложувалка за да изградат заеднички ѕиден мурал што симболизира единство во различностите. Развивме дискусија  за тоа како да бидеме поддржувачи и како можеме да им помогнеме на другите што ги доживуваат поразлично. При изведување на активноста „Нараквици на пријателството“ децата изработуваа нараквици во различни бои, при што секоја боја симболизира доблест. Групна дискусија за тоа што значи да се биде добар пријател. Учениците споделуваа мисли за инклузијата и поддшката. Учениците учествуваа во играта „Чекори во моите чевли“ и изработија постер со отпечатоци од раце и напишаа добри мисли под одпечатоците. Во активноста под мотото „Верижна реакција на добрина“ учениците пишуваа нешто убаво за другарчето на разнобојни ленти, а потоа сите ленти ги составивме како еден голем хартиен синџир.


                                                                                                     Училишен дефектолог 

                                                                                                     м-р Адријана Кукоска


Нема коментара:

Постави коментар