среда, 30. април 2025.

АПРИЛ МЕСЕЦОТ НА АУТИЗМОТ

Во нашето училиште „Рајко Жинзифов“ по повод месецот на Аутизмот се организираа различни активности од страна на училишниот дефектолог и образовните асистенти кои даваа поддшка на децата со попреченост. 

Активностите беа  изведени во прво, второ, трето, четврто и пето одделение.  

Во активноста под мотото „Добрина на дело“ се одржа дискусија за тоа како добрината создава инклузивен свет, а потоа секое дете пишуваше картичка со некој добар збор кој подоцна беше изложе на „Дрвото на добрината“. 

Активност „Сензорно славање-Свет со бои“ оваа активност беше изведена со истражување на различни текстури, звуци и визуелни ефекти за да разберат сензорни искуства.  За време на оваа активност учениците боеа сложувалка за да изградат заеднички ѕиден мурал што симболизира единство во различностите. Развивме дискусија  за тоа како да бидеме поддржувачи и како можеме да им помогнеме на другите што ги доживуваат поразлично. При изведување на активноста „Нараквици на пријателството“ децата изработуваа нараквици во различни бои, при што секоја боја симболизира доблест. Групна дискусија за тоа што значи да се биде добар пријател. Учениците споделуваа мисли за инклузијата и поддшката. Учениците учествуваа во играта „Чекори во моите чевли“ и изработија постер со отпечатоци од раце и напишаа добри мисли под одпечатоците. Во активноста под мотото „Верижна реакција на добрина“ учениците пишуваа нешто убаво за другарчето на разнобојни ленти, а потоа сите ленти ги составивме како еден голем хартиен синџир.


                                                                                                     Училишен дефектолог 

                                                                                                     м-р Адријана Кукоска


Доделени признанија за успешно завршена обука за Равивање на напредни компјутерски вештини за 3Д печатење

На ден 28.4.2025 на учениците од 7а,б,в,г одделение им беа доделени признанија за успешно завршена обука за Равивање на напредни компјутерски вештини за 3Д печатење во дворот на фабриката ТИТАН Усје во соработка со Иноваториум клуб. 

Настанот беше организиран со музика, забава и храна, создавајќи пријатна и весела атмосфера што овозможи вистинска забава за учениците.

Одговорни наставници:

Магдалена Бадарова

Тина Пуфкова Гиевска  




уторак, 29. април 2025.

Етвининг проект – There is a life at school

Проектот е подготвен за деца од основна училишна возраст.

Во текот на проектот децата  ги развија своите комуникациски вештини,  научија да размислуваат критички и да решаваат различни практични задачи, наоѓајќи решенија за проблемите. Тимската работа  се подобри. Децата почнаа самостојно  да ги планираат задачите и времето за нивно завршување. Новите информации ги добиваа  со трпение, набљудување и експериментирање.
Наставниците ги развија  своите вештини за планирање активности, комуникација на англиски јазик и работа со ИТ. Сето ова овозможи  креативност во извршувањето на задачите и можност за учење нови методи на работа.
Проектот започна во октомври, 2024, а заврши во април 2025

Одговорен наставник : Маја Атанасовска Спасеска




понедељак, 28. април 2025.

Извештај за реализирана настава во природа - петто одделение

Во периодот од 22.до 25.4.2025г., со учениците од Vа,б,в,г,д одд. беше реализирана настава во природа со времетраење од 4 дена и 3 ноќи, од наставно-научен и забавно- рекреативен карактер, со престој во хотел ,,Галеб" -Струга.

Во текот на наставата во природа беа посетени :Вруток, Вевчанските извори, истекот на реката Црн Дрим, природно- научниот музеј ,, Д-р Никола Незлобински", спомен куќата на браќата Миладиновци, џамијата на Мустафа Челеби, прошетка низ старата чаршија во Охрид, куќата на Робевци, црквата ,,Св.Јован Богослов Канео",Плаошник, Самоиловата тврдина, античкиот театар, Широк сокак - Битола.

Учениците научија многу за нашето културно- историско наследство. Имаа можност да ги видат и доживеат природните богатсва на нашата татковина.

Научија да се грижат за : личната хигиена и хигената на просторот во кој се движат, сопствените и заедничките потреби, другарството и меѓусебното помагање, однесувањето во музеј, црква, џамија, сообраќај...

Ни останаа многу спомени и фотографии.



Училишна претстава ,, Желба,,

На ден 24.04 во Дом на културата ,, Билјана Беличанец" се одржа училишната претстава ЖЕЛБА . Создадена со љубов и инспирирана од детските соништа. Благодарност до учесниците и родителите.

Одговорен наставник : Билјана Илиева , одделенски раководители од прво до четврто одделение.




среда, 9. април 2025.

Обука за развивање на напредни компјутерски вештини за 3Д печатење

Обука за развивање на напредни компјутерски вештини за 3Д печатење со ученици од 7мо одделение во соработка со Иноваториум клуб и ТИТАН Усје

На ден 25.1.2025 и 8.2.2025 учениците од 7а,б,в,г одделение беа на обука за развивање на напредни компјутерски вештини и 3Д печатење. Обуката беше реализирана во соработка со Иноваториум клуб и ТИТАН Усје и професори од Машинскиот факултет од Скопје. На обуката учениците беа запознаени со компјутерски програми за графичко цртање, како и со машини за 3Д печатење. Обуката се реализираше два дена. Првиот ден учениците креираа цртежи на компјутер, а вториот ден нивните креации беа испринтани на 3Д печатари.

Одговорни наставници:

Магдалена Бадарова

Марина Станоеска

Тина Пуфкова Гиевска  




уторак, 8. април 2025.

7 април - Светскиот ден на здравјето

На 7 април, Светскиот ден на здравјето, учениците од 4 г одд. од подрачно училиште  преку различни активности и едукативни работилници беа потсетени на значењето на здравиот начин на живот. Со цртање, пораки и дискусии, се истакна важноста на правилната исхрана, физичката активност и грижата за менталното здравје.

Одговорен наставник : Ирена Ѓоршевска


МИМО Краткотрајна заедничка активност „Здрава храна за детство без мана“ со партнер училиште ООУ „Алија Авдовиќ“ с. Батинци

Учениците од 3а, 3б, 3в одделение од нашето училиште заедно со своите другарчиња од училиштето "Алија Авдовиќ" од с. Батинци меѓусебно се запознаа, се дружеа, стекнаа нови знаења, вештини, вредности, непосредно учеа едни за други, со цел развивање на свест за припадност и почитување на различностите.

Во активноста беа вклучени по осум ученици од двете училишта, а за време на активноста се зборуваше на наставните јазици на кој учат учениците т.е. македонски и албански јазик. Во активноста се вклучија одделенски наставници Софија Лукровска, Билјана Стефковска и Кети Сталеска. Учениците работеа во парови, имаат за задача: Активност бр. 1 - Да обојат сликички со овошје и заленчук, да ги исечат и да ги залепат на хартиени тањирчиња. Активност бр. 2 – Да состават сложувалки со овошје и зеленчик и да создадат заедничка творба на која ги напишаа имињата на овошјата и зеленчуците секој на свој јазик. За време на работата учениците имаа можност да соработуваат, да се договараат, да комуницираат и непосредно да учат едни за други. За цело време додека траеше работилницата се зборуваше на двата наставни јазици. За одредено време учениците создадоа ликовни творби на кои со задоволство си ги напишаа и своите имиња секој на свој јазик. Гатанки се читаа на двата наставни јазици, а учениците одговорите ги даваа секој на својот јазик. На крајот од активностите следеше презентација на заедничките продукти искажана и на македонски и на албански јазик. Сите ученици меѓусебно се запознаа, другаруваа и посакаа средбата да се повтори.

Oдделенски наставник: Лукровска Софија





понедељак, 7. април 2025.

Извештај за регионалени натпревари по биологија и природни науки

На регионалниот натпревар по биологија, одржан на 28.03.2025., учествуваа

учениците: Бојан Давитковски, Руби Костовска, Теа Спасовска, Андреј Станковски (сите

од 8-г одделение), ментор Маја Младенова. По објавените конечни резултати на интернет

страната на Македонското биолошко друштво, учениците ги имаа следните постигнувања:

Бојан Давитковски - Учество

Руби Костовска - III награда

Теа Спасовска - Учество

Андреј Станковски – III награда


На регионалниот натпревар по природни науки, одржан на 04.04.2025.,

учествуваа учениците: Лејла Рушид 6-в, Михаела Трпеска 6-в, Давид Дијоски 6-а,

Анастасија Славковска 6-а, Ангела Шутковска 6-а, Стела Шоклевска 6-а, ментор Маја

Младенова. По објавените конечни резултати на интернет страната на Македонското

биолошко друштво, учениците ги имаа следните постигнувања:

Михаела Трпеска - III награда

Ангела Шутковска 6-а - III награда

Стела Шоклевска 6-а - III награда

Давид Дијоски 6-а - III награда

Анастасија Славковска 6-а - Пофалница

Лејла Рушид 6-в - Пофалница

Акција за засадување дрвца

На ден 04.04 во нашето училиште Ученичкиот парламент одржа акција за задасување на дрвца, како дел од големата еколошка иницијатива која што Општина Кисела Вода ја спроведува во сите училишта и градинки.

Одговорни наставници:

Весна Рафеска

Магдалена Бадарова







петак, 4. април 2025.

Одбележување на 2 АПРИЛ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ

Денешниот датум, 2-ри април, со резолуција на Обединетите нации од 2007-ма година се одбележува како Светски ден на аутизмот. 

Ширум светот се испраќаат пораки за поголема грижа од надлежните, повисока свест од општеството, подобри услови за децата и лицата со аутизам.

Раното откривање на аутизмот и навремениот третман се многу важни за понатамошниот тек на животот, бидејќи на детето му се помага да стекне одредени социјални вештини и самостојност. 

Денес во нашето училиште го одбележавме со работилници со учениците од Ученичкиот парламент, со учениците од V-б, IV-a, III-г одделение.

Со аутизмот се соочуваме секојдевно, не само на 2 април! 

Училишен дефектолог 

м-р Адријана Кукоска