понедељак, 17. фебруар 2025.

Меѓународна Олимпијада по англиски јазик

На Меѓународната Олимпијада по англиски јазикз емаа учество 12 ученици од 6то и 7мо одделение. Сите ученици се здобија со сертификати за учество во полуфинале, а две ученички се пласираа во финале-Марија Змејкоски 7а и Стела Шоклевска 6а. 

Ученици кои учествуваа:

1. Јана Кукоска—6а

2. Јана Јовановска-6а

3. Мила Стефковска-6а

4. Стела Шоклевска-6а

5. Луна Јаневска-6б

6. Ана Марија Перковска-6б

7. Михаела Трпеска-6в

8. Јан Лактински-7а

9. Дамјан Петровски-7а

10. Јана Кискинов-7а

11. Лара Ивановска-7а

12. Марија Змејкоски-7а

 Одговорен наставник  : Магдалена Бадарова





понедељак, 10. фебруар 2025.

ИЗВЕШТАЈ од гостувањето на писателката Јадранка Клисарова автор на лектирата ,, Децата од моето училиште,,

На наше огромно задоволство во нашето училиште во 3-д  одделение на 31.01.2025 год. ни гостуваше писателката Јадранка Клисарова при што учениците имаа можност одблизу да се запознаат со писателот како творец, поставуваа прашања,  разговраа  за ликовите и постапките ,ги опишуваа своите впечатоци за лектирното дело. Целта во расказите на Клисарова е детето подобро да го осознае светот околу себе преку примерите од ликовите.Во нив се зборува за добрината, насмевките, другарството.

На крајот на средбата учениците дополнително се интересираа за нејзиното литературно творештво, инспирација и работа како писател и беа презадоволни од добиените одговори. Со особено задоволство писателката им се потпиша на сите во нивните книги, а учениците во знак на благодарност за  нејзината посета изработија книга со нивните впечатоци и и ја подарија.                                       

                                        Одговорен наставник: Елена Стојановска

















субота, 8. фебруар 2025.

Остварена едукативна посета на Музеј на македонската борба

Остварена едукативна посета на Музеј на македонската борба

За учениците од 8г одделение од подрачното училиште на ООУ „Рајко Жинзифов“ во населба Пинтија на 6 февруари 2025г. беше организирана и успешно остварена едукативна посета на музејот на македонската борба.

Во рамките на посетата учениците слушаа објаснување од водич во музејот додека ги разгледуваа поставките. На овој начин тие ги продлабочија своите знаења за историјата на Македонија и за тоа како таа е претставена во горенаведениот музеј. Преку слушањето на објаснувањето и разгледувањето на поставките беше остварено поврзување со материјата што се учи во рамките на наставните програми за Историја во 8-мо и 9-то одделение.

За време на посетата учениците се однесуваа одговорно и пристојно со што нашето училиште беше претставено во убаво светло.