понедељак, 25. септембар 2023.

Извештај од реализираната посета на вработените и просториите во училиштето

 

На ден 21.09. е реализирана  посета во  централното училиште од страна на учениците од II-г и II-д одд. од подрачното училиште со цел запознавање со вработенитe (директорпедагог, психолог, дефектолог, секретар, библиотекар, наставници, хигиеничари, хаусмајстор) и нивните задолженија како и просторната организација на истото  (училници, кабинети, библиотека, канцеларии, тоалети, спорстска сала, трпезарија, работилница), препознавање и именување на истите.



    Учениците беа топло пречекани од вработените во училиштето и веднаш се упатија кон канцеларијата на педагогот кој им ја објасни својата професија преку подготвени прашања на ливчиња во боја кои учениците ги влечеа сами читаа а педагогот им ги одговараше. Оттаму се упативме кон канцеларијата на секретарката ,потоа на дефектелогот и психологот.Во библиотеката имавме кратка активност-изработка на хамер каде што дадовме ветување дека редовно ќе се дружиме со книгите.



Потоа следеше прошетка низ холот, ходниците, кабинетите ,наставничката канцеларија. Во спортската сала со наставникот по фзо реализираа спортски игри и на крај гостувањето го заокруживме со активност за добредојде на есента со дел од учениците од  второ одделение од продолжен престој.







Голема благодарност до сите!!!  


Одговорен наставник:

 Елена Стојановска

Валентина Димишковска




Нема коментара:

Постави коментар