уторак, 5. септембар 2023.

Учеството на настанот насловен „Музички волшебства“

 

    По повод првиот ден на учебната година 01.09.2023 год. Општина Кисела Вода за сите основци организираше концерт за деца насловен како „Музички волшебства “ во изведба на продукцијата „Триангл Пулс“. Овој иновативен и музички перформанс имаше едукативен карактер кој преку игра и песна ги  доближи најзначајните класични музички дела до младата публика и ја пробуди нивната фантазија.






    Нашето училиште на овој музички хепенинг зема активно учество преку ритмичка точка со учениците од II- д одд. од подрачното училиште.Со насмевки на лицата тие речиси два часа играа, пееја, комуницираа,се шегуваа ,настапуваа и го завршија овој прв училишен ден кој им донесе многу возбуда, радост  и спомени за паметење.

На настанот учествуваа и ученици од соседните училишта.








Одговорен наставник Елена Стојановска

Нема коментара:

Постави коментар