понедељак, 22. мај 2023.

Млади технолози-Вива гости

На 22.05.2023г. понеделник учениците од I /в одделение и одделенскиот наставник Кети Сталеска во соработка со родителката Кристина Тренкоска ја посетија фабриката за производство на сокови Вива. 

Директорката на фабриката заедно со нејзиниот тим ни направија убаво добредојде. Не прошетаа низ фабриката покажувајќи го процесот на создавање, пакување и дистрибуција на сокови. 

Имавме можност и да го вкусиме сирупот од кои се прават соковите и да ја видиме нивната лабараторија за контрола на квалитетот.

На крајот од посетата не изненадија со доделување на дипломи за стекнато знаење за млади технолози и Вива пакетчиња со различни изненадувања за секој ученик. 

Учениците покажаа големо возбудување и среќа за укажаната можност да се запознаат со производство на омилените сокчиња. Најмногу се радуваа на добиените подароци.

Одделенски наставник: Кети Сталеска 







Нема коментара:

Постави коментар