петак, 5. мај 2023.

ИЗВЕШТАЈ ОД РЕАЛИЗИРАНАТА ПОСЕТА НА БОТАНИЧКА ГРАДИНА

Учениците од   I-г  и  I-д  одделение од ПУ на ден 05.05.2023 година реализираа посета на Ботаничката градина при Природно-математички факултет-Скопје.

Работилницата траеше околу два часа и во текот на истата нашите ученици имаа можност да истражуваат во прекрасната градина и да се запознаат со  голем број на различни, интересни и  ендемични видови на растенија,нивната градба и поделба.

Заеднички навлегоа во микроскопскиот невидлив свет на растенијата и научија како да се стане успешен ботаничар со засадување на семе за кое ќе продолжат да се грижат во иднина.

Упатуваме голема благодарност до вработените во Ботаничката градина што ни овозможија толку прекрасно задоволство за стекнување со нови знаења на нашите ученици! 

Одговорни наставници-Елена Стојановска Валентина Димишковска








Нема коментара:

Постави коментар