среда, 19. април 2023.

ИЗВЕШТАЈ ОД СПРОВЕДЕНА МИО АКТИВНОСТ

По повод  празниците  Велигден и Бајрам учениците од V-а и V-г одд.со нивните наставнички учествуваа во  Чоколадна работилница.

На 19.04.2023 год. се спроведе работилница за меѓуетничка интеграција на тема: ,,Меѓукултурно богатство,,. Учениците најпрво следеа презентација за историја на чоколадото, процес на правење, видови на чоколадо и интересни факти за чоколадото. Потоа изработуваа хамер, во групи цртаа, топеа чоколадо, украсуваа чоколадни јајца и мафини и се сладеа со вкусна чоколадна баклава. На часот владееше убава атмосфера. Учениците се дружеа, забавуваа, сладеа со чоколада и меѓусебно си ги честитаа празниците.
Одговорни наставници: Моника Цаневска и Кристина Никчевска   









Нема коментара:

Постави коментар