четвртак, 6. април 2023.

СО СТИХОВИ ГО ОДБЕЛЕЖУВАМЕ НАШИОТ ПАТРОН

На 4.04.2023 год. во 10 часот, во просториите на нашата училишна библиотека се одржа литературно читање во чест на нашиот патронен празник. Темата на која учениците со задоволство ги искажаа своите творечки способности  „Тркало на времето“ ги потврди нашите очекувања. Учествуваа ученици од трето до деветто одделение со прекрасни стихови произлезени од  детската искрена душа.Сите творби од учениците ќе бидат отпечатени во збирка и објавени во училишниот весник. Слушнавме навистина убави творби но се разбира дека секогаш има и најдобри. Наградени ученици со најдобри литературни творби се:

Прва награда: Стела Шоклевска 4а, Ангела Костоска 9а, Никола Арсовски 7б
Втора награда: Ирена Рујаноска 5в, Миа Јаневска 9б, Михаил Ѓурчиноски 7а
Трета награда: Јасна Јаневска 5б, Ана Димовска 8а, Леонид Темелковски 7а
Одговорни наставници: 
предметни наставници по македонски јазик Љуба Мишевска, Елена Ристевска 
одделенски наставник Биљана Шоклевска.











Нема коментара:

Постави коментар