понедељак, 5. октобар 2020.

ДЕТСКА НЕДЕЛА

 

Одбележување  на


од 05.10 2020 – 09.10.2020г.

под мотото:

„Во нашиот свет сите сме еднакви“

05.10.2020  - понеделник

Читање на одредбите од Конвенцијата за правата на детето

 06.10.2020 – вторник

Пишување пароли со правата на децата

 07.10.2020 г. – среда

“Моите права моите обврски,,   - Изработка на апликации ,,срциња,,

 08.10.2020 – четврток

Ликовна работилница - Печатење “Отпечаток од рака,,

 09.10.2020 – петок

Свечена приредба по повод приемот на првачињата во Детската организација

                          Одговорен наставник: Татјана Трпеска

 

Реализирани планираните активности по повод  Детската недела

во нашето училиште

 Оваа  недела почнувајќи од 5 до 9 октомври, во нашето училиште и покрај вонредните услови кои владеат со Ковид пандемијата, се реализираа повеќе проектни активности во рамките на одделенска настава со сите паралелки од прво до петто одделение, како во централното така и во подрачното училиште во н. Пинтија. Сите беа во прилог на одбележувањето на Детската недела под мотото ,,ВО НАШИОТ СВЕТ СИТЕ СМЕ ЕДНАКВИ“, изработени со физичко присуство на учениците од прво до трето одделение, како и на on-line наставата која се реализира со четврто и петто одделение, во рамките на својата паралелка. Учениците насочени од своите наставници зедоа активно учество во истата и изработија многу интересни прилози и истите  се истакнати во холот на нашето училиште.

 Оваа година, заради запазување на протоколите за заштита од Ковид 19, официјална приредба немаше. Учениците од сите три паралелки дадоа свечена заклетва во рамките на својата паралелка и добија изработена брошурка, со што првачињата и официјално влегоа во Детската организација при нашето училиште „Рајко Жинзифов“.                  

Одговорен наставник    Татјана Трпеска




Нема коментара:

Постави коментар