петак, 2. октобар 2020.

Свечен прием на првачињата во нашето училиште

 

На 01. 10. 2020 г. со почеток во 08.00  часот во нашето училиште беше реализиран свечен прием на првачињата, како во централното така и во подрачното училиште во н.Пинтија.

Првачињата беа дојдени со своите родители, во училишниот двор, каде што беа сместени согласно протоколите за заштита од COVID 19.

Најпрво ги поздрави директорката на училиштето Љубица Наумовска, која им посака срдечно добредојде во нашето училиште, како и среќен и успешен почеток на оваа учебна 2020-2021 година! Потоа првачињата беа поздравени од своите одделенски раководители и со читање на учениците според списокот за запишани првачиња, наставничките се запознаа со дечињата, и обратно! Наставничките исто така им посакаа среќен и успешен почеток на нивното образование.

Со убави желби и радосни лица, пропратени со музичките тонови на детски песнички овој настан заврши со убава дружба на сите учесници!

 

Актив на прво одделение: Татјана Трпеска, Горица Станковска, Виолета Николин, Елизабета Младеновска и Ивана Илиевска Огњановска






Нема коментара:

Постави коментар