четвртак, 7. мај 2020.

ЗАПИШУВАЊЕ ПРВАЧИЊА ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 година



         Врз основа на член 3-б од Уредбата за примена на Законот за основно образование за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр.116 од 05.05.2020г.),

      ООУ „Рајко Жинзифов“, Кисела Вода, Скопје, запишувањето на деца во прво одделение во учебната 2020/2021 година ќе го реализира во месец јуни 2020 година и тоа почнувајќи од 01.06.2020г. (понеделник), секој работен ден од 09.00 до 13.00 часот, во просториите на училиштето.

      Во прво одделение ќе биде запишано дете кое согласно Законот за основно образование  до крајот на календарската година ќе наполни 6 години (децата родени во 2014 г.). Децата родени во јануари 2015 година можат да бидат запишани по претходно барање од родителот/старателот и добиено мислење од педагог или психолог во училиштето.

При уписот  родителот/старателот е должен да достави:
·        Потврда за примените задолжителни вакцини за детето;
·        Потврда од стоматолошки преглед и
·        Извод на родените (фотокопија).

При уписот задолжително е присуство на детето и родител/старател.




      Врз основа на член 3-б од Уредбата за примена на Законот за основно образование за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр.116 од 05.05.2020г.),

     ООУ „Рајко Жинзифов“, Кисела Вода, Скопје, запишувањето на деца во прво одделение во учебната 2020/2021 година ќе го реализира во јуни 2020 година и тоа почнувајќи од 01.06.2020г. (понеделник).
Во подрачното училиште во населба Пинтија уписот ќе се врши секоја среда во јуни 2020 г. од 09.00 до 13.00 часот, во просториите на училиштето.

             Во прво одделение ќе биде запишано дете кое согласно Законот за основно образование  до крајот на календарската година ќе наполни 6 години (децата родени во 2014 година). Децата  родени во јануари 2015 година можат да бидат запишани по претходно барање од родителот/старателот и добиено мислење од педагог или психолог во училиштето

                            При  уписот  родителот/старателот е должен да достави:
·        Потврда за примените задолжителни вакцини за детето;
·        Потврда од стоматолошки преглед и
·        Извод на родените (фотокопија).

При уписот задолжително е присуство на детето и родител/старател.






„Цветното  е-дефиле“
Одбележување  на  Денот на Општина Кисела Вода

Традиционално секоја година на 6 мај на празникот „Ѓурѓовден“ се одбележува Денот на општина Кисела Вода. На тој ден сите училишта од тој регион на општината, подготвуваат свои точки и настапуваат во некои од локалните паркови околу општината. Сите учесници имаат пролетни цветни венчиња и со тоа ги најавуваат убавините на пролетта, убавините на месецот мај, игрите, смеата, разиграноста, безгрижноста. Обично  се стартува од дворот на некое основно училиште, учесниците се движат низ улиците во колона за на крај да пристигнат до главното место каде се претставуваат со своите точки: ритмички, драмски, рецитаторски и ликовни.
Во нашето училиште се практикува на тоа „Цветно дефиле“ да одат третооделенците, но бидејќи оваа година сме оневозможени да присуствуваме поради вонредната состојба, ние со нашите ученици од 3-б одд. подготвивме виртуелно „Цветно дефиле“ во кое активно земаа учество скоро сите ученици. 
Во знак на одбележување на празникот „Ѓурѓовден“ и сите негови убавини што ги носи со себе секој ученик имаше задолжение да ја изрази својата креативност и да ја преточи во убав пролетен шарен венец при тоа користејќи најразлични материјали и техники: природно цвеќе, пластелин, картон, колаж,  хартија во боја, пастел, дрвени бои, темперни бои, фломастери...
Сеите ученици откако ја реализираа својата идеја  ја презентираа онлајн и на крај  од фотографиите направивме прекрасно видео.
Со ова сметаме дека дадовме свој, иако мал, но сепак голем и значаен придонес во одбележување на Денот на ОКВ во услови на вонредна состојба.
Огромна благодарност до родителите на 3-б одд. кои несебично ја поддржаа нашата иницијатива и заедно дома со своите деца ги креираа прекрасните пролетни венчиња во знак на поддршка и одбележување на Денот на Општина Кисела Вода.
Честит нека е Денот  на општината!

Одговорни наставници:  Елена Стојановска и Софија Лукровска




Нема коментара:

Постави коментар