среда, 18. децембар 2019.

МИНИБАСКЕТ ТУРНИР



Во саботата на 14.12.2019 год. во спортската сала „Кале“ во организација на Кошаркарската федерација на Северна Македонија се реализира првиот турнир во мини баскет.
Ова е Проект на КФСМ - Минибаскет лига за кошаркари на осум, девет и десет годишна возраст во кое победата не е главна цел, иако е голем мотив за спортување, но акцентот е ставен на поттикнување на детскиот талент и подобрување на индивидуалниот квалитет на секоја личност.
Минибаскетот овозможува момчињата и девојчињата да се запознаат со кошарката на вистински начин, создавајќи предуслови за нивно долгорочно занимавање со спорт.  Дава можност  да ја почувствуваат целата возбуда  и убавината на натпреварот, прилагоден на нивната возраст. Ги поттикнува пријателството, уживањето и фер-плејот, со почитување на другите учесници во играта - други играчи, тренери, судии и родители.
Во овој кошаркарски хепенинг во „Кале“ имаа можност да  уживаат 550 учесници, поделени во 40 екипи, а креирани од 20 клуба кои испратиле своја пријава за настап меѓу кои се најде и нашиот Училишен спортски клуб со учениците од II,III и IV одд.
На крајот секој учесник доби медал, диплома и смоки.
Ова беше почеток на една кошаркарска приказна преку која се испрати една многу важна порака дека „Сите  заедно покажавме дека спортот може да биде забавен за сите“. Приказната  продолжува...
                                                                     Одговорен наставник: Јовица Ефтовски


Нема коментара:

Постави коментар