петак, 29. новембар 2019.

Ноември - Месец на науката




Ученичката Јована Николовска од нашето училиште ООУ„Рајко Жинзифов“ учествуваше на манифестацијата „Ноември - Месец на науката“, на која воедно се одржа и натпреварот во експерименти. Оваа манифестација се одржува четвртта година по ред, па оваа година на 23.11.2019, учествуваше ученичката Јована Николовска, заедно со својот ментор, предметниот наставник по биологија, Сандра Трпчевска.
На натпреварот, кој се одржа на Природно-математичкиот факултет, се натпреваруваа над 200 ученици, со експерименти од областа на биологија, хемија, физика, географија и математика. Нашата ученичка, Јована Николовска за експериментот „Водата-важна состојка“ освои трета награда.
Се радуваме на нејзиниот успех и ѝ посакуваме да продолжи со редење на уште поголеми успеси.


Нема коментара:

Постави коментар