понедељак, 25. новембар 2019.

УЧЕСТВО ВО „ЅВОН“ НА МРТВ



На 20.11.2019 год.  нашето училиште ООУ„Рајко Жинзифов“ зема активно учество во  образовно - рекреативната програма „Ѕвон“ при МРТВ.
 Оваа емисија има за цел да овозможи креативно и забавно претставување на училиштата. Учесници беа учениците од I до IX одделение кои заедно со своите наставници подготвија  и се претставија со мудри изреки, квиз прашања, драматизации, музичко-ритмички точки како  и претставување на млади и успешни спортисти.
Изведбата на програмата беше на англиски и француски јазик.
Носители на програмата беа наставниците по англиски јазик: Магдалена Бадарова и Анета Макревска,  по француски јазик: Анета Ѓуровска Арсовска и Тина Пуфкова како и одделенските наставници: Елена Стојановска,Валентина Димишковска, Виолета Николин и Мануела Марковска.


Нема коментара:

Постави коментар