понедељак, 14. мај 2018.

Проект „Безбедност во училиштата“

Одделението за превенција при СВР Скопје во текот на учебната 2017/2018 год. започна со имплементација  на активности поврзани со проектот ,,Безбедност во училиштата“ со формирање на клубови за превенција во девет основни училишта лоцирани на подрачјето во општините на град Скопје. Едно од тие училишта беше токму нашето училиште ООУ,,Рајко Жинзифов“. Координатор на проектот беше училишниот педагог Весна Рафеска.
Основна цел на проектот беше подобрување на севкупната и личната безбедност на учениците, како и намалување на сите облици и типови на насилство помеѓу учениците, препознавање на ризиците со обработување на теми како што се зависности, насилство, семејно насилство, насилство на спортски натпревари, трговија со луѓе и други облици на непримерно и девијатно однесување поврзани со младата популација.

Проектот започна со формирање на Клуб на превенција во кој се вклучени 26 ученици од 8 и 9 одделение  со различно поведение, пол, различен успех и мултиетнички состав.
Во текот на целата учебна 2017/2018 год. се имплементираа активности во вид на работилници со презентации на различни теми:
1.            Формирање Клуб на превенција
2.            Среќни и безбедни новогодишни празници
3.            Насилството како поим
4.            Насилство, поим , видови и форма на насилство
5.            Насилството преку социјалните мрежи
6.            Насилство на спортски натпревари
7.            Семејно насилство
8.            Трговија со луѓе
Проектот заврши  на 11.05.2018г. со спортски активности во соработка со канцеларијата на ОЗФШ. Беше организиран рекреативен - спортски настан  меѓу членовите на Клубовите за превенција на основните училишта ООУ,,Невена Георгиева Дуња“, ООУ,,Св. Климент Охридски“ и ООУ „Рајко Жинзифов“. Домаќин на настанот беше нашето училиште. Настанот  беше медиумски покриен а присутен  бише и Градоначалникот на општина Кисела Вода.
Со реализација на овој проект очекуваме дека учениците ќе бидат едуцирани да не станат жртва или сторители на инкриминирани дејства , а воедно ќе се зајакне довербата и соработката меѓу учениците и полицијата и ќе допринесе за поинаков пристап во решавањето на проблемите преку соработка и партнерство.
                                                                                                        Директор
                                                                                           Елизабета Славковска


Нема коментара:

Постави коментар