понедељак, 26. фебруар 2018.

Одржан училишен натпревар по математика

Годишниот училишен натпревар по математика беше одржан на 12 февруари 2018г. од 12.30 до 13.30 часот. Се натпреваруваа ученици од четврто до деветто одделение во ООУ „Рајко Жинзифов“.
Од четвртите одделенија учествуваа 25 ученика, од кои по еден ја добија првата, втората  и третата награда, а 5 ученика добија пофалници.
Од петтите одделенија исто така се натпреваруваа 25 ученика, од кои дури три ја освоија првата награда, шестмина втората, осум ученика ја добија третата награда, а пет добија пофалници.
Од шестите одделенија на натпреварот учествуваа 16 ученика, од кои еден ја доби втората награда.
Од седмите учество земаа 14 ученика, од кои беа доделени две први награда и четири втори, а петмина добија пофалници.
Од осмите се натпреваруваа 12 ученика. Доделени беа две први награди, една втора и четири трети награди, како и две пофалници.
Од деветтите одделенија од деветте учесници по еден се здобија со првата, втората и третата награда и беа доделени четири пофалници.
На општинскиот натпревар што ќе се одржи во сабота, 24.02.2018г. во ОУ„Партенија Зографски“- Кисела вода, ќе учествуваат учениците кои ги освоија првите три места во секоја категорија.

Им честитаме на освоените награди на училишниот натпревар и им посакуваме успех на Општинскиот натпревар.





ПРОЕКТ:  „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“

ЦЕЛ: Зајакнување на врската „родител-ученик-наставник“, преку која ќе се овозможи  јакнење на воспитната компонента во воспитно-образовниот процес во основното образование како и усвојување на образовни цели по предметот општество.
АКТИВНОСТ: „Родителот е наставник“ - организација на ден на „родители-предавачи“, односно предавања од страна на родители стручни во одредена област.
Во рамките на горенаведената активност на 12.02.2018 година (вторник) на  првиот час, во IV-б одделение, се реализираше наставен час од страна на родителот  Бети С. Трајковска - дипломиран професор по географија. Наставната единица носеше наслов „Географска карта-обработка“, а родителот  со многу нагледности и примена на ИКТ  ја пренесе наставната содржина. На почетокот на часот учениците беа воведени во новата наставна содржина и  се поврзаа нивните претходни знаења. Со истакнување на нагледните средства: Географска карта на Светот,  Географска карта на Европа,  Географска карта на Република Македонија и Глобус се воведоа во новата наставна содржина.
Се усвоија новите поими и се направи аналогија со претходно изработениот релјеф од  глина и неговото претставуваање на Географска карта.

Сите поими ги усвоија и со помош на презентацијата која им беше  демонстрирана. На крајот од часот учениците преку рефлексија ги искажаа нивните впечатоци од часот и ги повторија поимите, при што се воочи дека целите на часот се постигнати.
За време на часот се применуваа повеќе наставни методи, форми и техники и беше постигната интеракција помеѓу учениците и „родителот-наставник“.

                                                                             Одделенски наставник
                                                                                 Мануела Маркоска


Нема коментара:

Постави коментар