четвртак, 2. април 2015.

1 Април - Денот на шегата

                  Согласно Годишната програма за работа на училиштето за учебната 2014/2015 година на 01.04.2015г. (понеделник) во нашето училиште се реализираа активности за одбележување на  1Април - Денот на шегата. Сите ученици од прво до девето одделение заедно со своите одделенски раководители активно се вклучија во одбележување на овој ден. Беше посочено дека маските треба да бидат самостојно изработени и по можност од материјал кој може да се рециклира. По реализацијата на часовите во училишниот хол се одржа Дефиле под маска. Секое одделение имаше можност да ги прикаже своите маски. 



             Можеше да се забележи креативноста на учениците во изработака на првоаприлските маски.


          Покрај поединечните маски особено креативни беа учениците и во изготвувањето на групните маски.
Училишен педагог
                                                                                                              Весна Рафеска

Нема коментара:

Постави коментар