Friday, February 17, 2012

Дел од поуспешните проектни задачи на тема: Собирачката дејност на браќата Миладиновци


Собирачката дејност на браќата Миладиновци
            Тешко е да се утврди кога и како се јавил интерес кај браќата Миладиновци за народното творештво и собирачката дејност. Најблиску е податокот дека тој интерес е со почеток од посетата на Виктор Григоровиќ од Русија кој патувал низ Македонија и престојувал во Охрид и Струга. Од тука потекнува идејата, но не и почеток на собирачката дејност. Тие почнале со собирање на македонски народно умотворби, скоро десет години подоцна, во 1855 година. Меѓутоа, подобро е, и посигурно дека Димитрија дури по неговиот престој во Србија, ќе си спомне за интересот на рускиот научник за народната песна и ќе почне активно да собира народни умотворби. Во тој процес го вклучил и Константин и други лица, посебно Васил Чолаков и Рајко Жинзифов. Чолаков ги собрал сите песни од Бугарија, а Жинзифов песните и обичаите за Македонија. Исто така, се споменуваат и кажувачките на македонските народни песни како Деча Кавајова од Струга и Ѓурѓа Котева од Прилеп. Најголемиот дел од песните се собрани во Македонија, особено во Струга, Прилеп и Кукуш. Но, има и песни од Струмичко, Велешко, Дебарско и Битолско. Со нивната собирачка дејност биле опфатени народни песни, годишни обичаи, свадбени обичаи, верувања, преданија за лица и места во Македонија, лични народни имиња и презимиња, поговорки, гатанки и мал македонско-хрватски речник.  Највидно место меѓу сите овие групи песни заземаат јуначките и ајдутските песни во кои се опеани Крале Марко, Момчил Војвода, Болен Дојчин, Дете Дукадинче и многу други. По неколкугодишно собирање, собрани биле повеќе од 2000 народни умотворби, браќата одлучиле материјалот да го објават во печатено дело. Тоа одело многу тешко, но со напор и работа, сепак успеале. Така настанал Зборникот издаден во Загреб, 1861 година, со помош на хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер. Во зборникот не се објавиле сите, туку само 660 песни, од кои 584 биле македонски, а другите 76 биле бугарски песни.
           Издавањето на Зборникот е круна на собирачката дејност на браќата Миладиновци. Тој е од големо значење за македонскиот народ. Со него почнува позасилено, преродбата на Македонскиот народ, дотогаш сеуште недоволно изразена.
Изработиле:
                  Катерина Фиданоска и Ангела Јорданова  VIIв одд.


Браќата Миладиновци
и нивната собирачка дејност

Браќата Миладиновци, Димитар и Константин се основачи на националната преродба во Македонија од средината на XIX век.
Димитар и Константин се родени во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова.
Браќата основно училиште завршиле во Струга, а подоцна гимназија во Јанина, денешна Република Грција.
Со диплома на учители браќата се вратиле во родниот крај каде учителстувале во повеќе места. Во училиштето во Охрид, Димитар Миладинов се сретнал со познатиот руски научник, славистот Виктор Иванович Григорович. Оваа средба била пресудна Миладиновци да почнат да се занимаваат и со собирачката дејност - собирање и запишување на македонски народни песни и други умотворби кои подоцна ги отпечатиле во еден голем ЗБОРНИК.

Зборникот на браќата Миладиновци

Во овој зборник на 538 страници голем формат се објавени вкупно 660 песни, од кои 584 македонски и 76 бугарски. Покрај тоа, во книгата се приклучени уште и свадбени обичаи од Струга и Кукуш, годишни обичаи од Струга, верувања, игри, преданија, народни имиња, пословици, гатанки и мал Македонско - хрватски речник.
Зборникот на Миладиновци, насловен како Бугарски народни песни, излегува од печат во Загреб, во текот на јуни 1861 година. Македонската наука за литература го избегнува терминот Блгарски народни песни од причини што со едно интервенто вклучување на 70 бугарски народни песни од страна на менторот на изданието, хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер и бугарскиот преродбеник Васил Чалаков, наспроти бројката од шестотини македонски народни песни.

Марија Весковска VIIб одд.


No comments:

Post a Comment