понедељак, 30. јануар 2012.

За Маре: „Иако заминуваш...“ СРЕЌНИ ПЕНЗИОНЕРСКИ ДЕНОВИ!!!

Иако заминуваш
не вели збогум,
моменти на разделба
неизбежно се ближат,
искрни желби
во срцата се нижат,
овде,  меѓу школските ѕидови неми
засекогаш ќе останат
твоите спомени.
Чувства измешани
и среќа и тага
очи насолзени
на сите си им драга.
Ќе те памтиме
како неуморен борец
на многу детски сништа
несебичен творец.
Твојата топла насмевка
секогаш ќе пламти

ведра и енергична
секој ќе те памти.
Подршка секому нудеше
хуманост и љубов
во секого будеше.
Успешно го жнееше
трудот што го вложи,
таму , каде застана ти
покажа како да се продолжи.
Како заложник на времето
ја остави својата младост
сподели со нас
дел од животот,
и мака и радост.
Но вистина е
по едно ќе те памтиме довек,
Учителке, не научи пред се
како треба да се биде човек!!!
Со љубов и почит
За Маре
10.01.2012 год.Светлана Жежовска 




                               Наставник со ведар дух

Од младоста желба се роди
патот просветарски да го броди
и ете, стана така
баш таа како што  сака.

Со книги на маса
дневна да напише вјаса,
а потоа фрковедина
на час да втаса.

Најпрво во дневен се најде
и многу брзо се снајде,
деца со вперени погледи
пред неа стојат,
а таа ги учи да бројат.

Умните главчиња
со внимание го следеа
секој нејзин збор,
секоја нејзина шега
што ги ослободуваше
на часот од стега.

Твојот ведар дух
ги плени срцата
на многу генерации
минати низ твоите вредни раце.

Во очите на секое дете
ти беше мајкаа
а во нашите очи,
беше и остана колешка борбена и драга
со насмевка ведра и блага.

Со почит, од твојата колешка
Мира Јовеска







Нема коментара:

Постави коментар