субота, 6. јун 2020.

Работилници „ГИ ПОЧИТУВАМ РАЗЛИЧНОСТИТЕ“


Училишниот дефектолог Адријана Кукоска реализираше виртуелни работилници „ГИ ПОЧИТУВАМ РАЗЛИЧНОСТИТЕ“. Начинот на реализација беше воспоставен во зависност од начинот на воспоставената комуникација по одделенијата. Дел од работилниците се изреализираа на ZOOM платформата и во групите на одделенијата.
Различностите го прават светот поубав!
                                                            Дефектолог: Адријана Кукоска
















уторак, 2. јун 2020.

On line одбележувањето на 1 Јуни - Меѓународниот ден на детето!!!




Децата се најскапоцениот дар од  Бога, најтоплото, најмилото, најнежното, највозвишеното битие на еден родител ... Децата се смислата на нашето постоење, без нив белото не би било бело, розовото розово, синото сино...
Децата се нашата муза, инспирација, мотив за пребродување на најголемиот бродолом... еееее токму за тие деца... ние денес работевме, креиравме, ликовно се изразувавме... во чест на Одбележување на Меѓународниот ден на децата.
Денес за децата од сите возрасти се бара внимание од родителите, државата и воопшто општеството. Овој ден не треба да се одбележи само како празничен ден туку треба да ни послужи и како ден за поддршка и инвестирање во нив и нивната иднина!!!
Учениците од 3-б одд., како и секогаш, неуморни со своите идеи и од своите вредни рачиња имаа предизвик да изработат  „Замислено дете“  при тоа користејќи  природен материјал: камчиња, цветови, листови, тревки, дрвца, школки, латици, овошје, зеленчук... креативност и имагинација до бескрај...
Но секако тоа не би било така доколку во ова не се вмешаат и нашите вредни и соработливи родители!!! Затоа за нив едно големо Браво и Благодарам !!!
Нека е Честит 1 Јуни - Меѓународниот ден на децата!!!
                                      Одговорни наставници: Елена Стојановска и Софија Лукровска






недеља, 31. мај 2020.

Мали, големи генијалци идни Оскаровци


Мали, големи генијалци идни Оскаровци

Учениците од 3-г одделение покажаа голема посветеност и креативност во нивната работа. Заедно со нивната одделенска наставничка Кети Сталеска овој период изработија многу интересни активности. Редовно се вклучуваа на Online наставата и си ги завршуваа домашните задачи. Но, со својата креативност под менторство на наставничката и со мала помош од најблиските изработија несекојдневни и уникатни изработки. Во зависност од нивната замисла, фантазијата, новите знаења кои ги стекнаа во текот на учебната година и талентите кои ги поседуваат изработија кратки уметнички дела, детски филмови. Учениците филмските творби ги изработија со цртање, со цртање и боење, со употреба на компјутерски програми како Power Point презентација и програми за цртање како Paint, детски играчки и  апликации од мобилен телефон. Филмските творби се кратки, но со јасна и концизна содржина. Дел од детските филмови се со реални ликови, дел се анимирани. Учениците покажаа голема инветивност и професионалност налик на големите филмски мајстори.







Учиме преку игра за сообраќајните средства


Креативноста, фантазијата и иновативноста не запира кај учениците од 3-г одделение. Користејќи ги стекнати знаења, учениците овој пат не изненадија со прекрасни изработки за сообраќајот и сообраќајните средства. Под менторство на одделенскиот наставник Кети Сталеска тие изработија фрагменти од градовите со посебен акцент на патиштата и крстосниците, океаните и небото каде ги оживеаја автомобилите, автобусите, бродовите, хеликоптерите, авионите.  Сите ќе се согласиме дека најубаво се учи кога се игра. Па драги ученици продолжете да го држите кормилото и патувајте со насмевки низ креативноста и трудот. Успехот е неминовен.