уторак, 02. јун 2020.

On line одбележувањето на 1 Јуни - Меѓународниот ден на детето!!!




Децата се најскапоцениот дар од  Бога, најтоплото, најмилото, најнежното, највозвишеното битие на еден родител ... Децата се смислата на нашето постоење, без нив белото не би било бело, розовото розово, синото сино...
Децата се нашата муза, инспирација, мотив за пребродување на најголемиот бродолом... еееее токму за тие деца... ние денес работевме, креиравме, ликовно се изразувавме... во чест на Одбележување на Меѓународниот ден на децата.
Денес за децата од сите возрасти се бара внимание од родителите, државата и воопшто општеството. Овој ден не треба да се одбележи само како празничен ден туку треба да ни послужи и како ден за поддршка и инвестирање во нив и нивната иднина!!!
Учениците од 3-б одд., како и секогаш, неуморни со своите идеи и од своите вредни рачиња имаа предизвик да изработат  „Замислено дете“  при тоа користејќи  природен материјал: камчиња, цветови, листови, тревки, дрвца, школки, латици, овошје, зеленчук... креативност и имагинација до бескрај...
Но секако тоа не би било така доколку во ова не се вмешаат и нашите вредни и соработливи родители!!! Затоа за нив едно големо Браво и Благодарам !!!
Нека е Честит 1 Јуни - Меѓународниот ден на децата!!!
                                      Одговорни наставници: Елена Стојановска и Софија Лукровска






Нема коментара:

Постави коментар