На 25 ноември 2025 година беше реализирана професионална обука на тема „Техники на предавање на училишни предмети преку олимписки вредности“, организирана во соработка со Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК). Обуката имаше за цел да го зајакне професионалниот развој на наставниците преку интеграција на олимписките вредности – пријателство, почит и извонредност – во редовната наставна практика.
Учесниците се запознаа со современи методи и пристапи за: применување на олимписки вредности во различни наставни предмети, развивање на позитивна ученичка култура, поттикнување на соработка, фер-плеј, почит и упорност кај учениците, осмислување активности со спортски и едукативен карактер.
Клучни содржини од обуката беа интерактивни техники за учење преку игра и спорт, интегрирање на олимписките вредности во наставни единици, методи за мотивирање на ученици преку практични примери од спортот, развивање на инклузивна училница и тимска култура.
Во наредниот период следува практична примена на стекнатите знаења преку работа со ученици.
Обуката се реализираше успешно и претставува значаен чекор во унапредувањето на наставната практика преку воведување на олимписките вредности како воспитно-образовен инструмент. Наставниците добија корисни техники кои ќе ги применат во наставата со цел да се поттикне позитивен развој на учениците и да се создаде средина исполнета со почит, соработка и стремеж кон извонредност.
Одговорни наставници: Татјана Трпеска, Јовица Ефтовски, Весна Рафеска,,Магдалена Бадарова,,Анета Макревска,,Елена Стојановска,,Валентина Димишковска,,Весна Милановска, Горан Петковиќ

Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.