среда, 26. новембар 2025.

Обука -„Техники на предавање на училишни предмети преку олимписки вредности“

На 25 ноември 2025 година беше реализирана професионална обука на тема „Техники на предавање на училишни предмети преку олимписки вредности“, организирана во соработка со Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК). Обуката имаше за цел да го зајакне професионалниот развој на наставниците преку интеграција на олимписките вредности – пријателство, почит и извонредност – во редовната наставна практика. 

Учесниците се запознаа со современи методи и пристапи за: применување на олимписки вредности во различни наставни предмети, развивање на позитивна ученичка култура, поттикнување на соработка, фер-плеј, почит и упорност кај учениците, осмислување активности со спортски и едукативен карактер.

Клучни содржини од обуката беа интерактивни техники за учење преку игра и спорт, интегрирање на олимписките вредности во наставни единици, методи за мотивирање на ученици преку практични примери од спортот, развивање на инклузивна училница и тимска култура.

Во наредниот период следува практична примена на стекнатите знаења преку работа со ученици. 

Обуката се реализираше успешно и претставува значаен чекор во унапредувањето на наставната практика преку воведување на олимписките вредности како воспитно-образовен инструмент. Наставниците добија корисни техники кои ќе ги применат во наставата со цел да се поттикне позитивен развој на учениците и да се создаде средина исполнета со почит, соработка и стремеж кон извонредност.

Одговорни наставници: Татјана Трпеска, Јовица Ефтовски, Весна Рафеска,,Магдалена Бадарова,,Анета Макревска,,Елена Стојановска,,Валентина Димишковска,,Весна Милановска, Горан Петковиќ




уторак, 25. новембар 2025.

Да градиме пријателство и почит меѓу врсниците

             Во училиштето учиме и како да се однесуваме кон другите. Важно е секој ученик да се чувствува прифатен и почитуван.

Од таа причина училишниот психолог Бранка Бранковиќ одржа работилници со учениците од трето и четврто одделение. Со дел од учениците од трето одделение се работеше на темата „Другарство и почит“, додека со учениците од  IV - б се продлабочи истата тема, а со учениците од  IV - в беше одржана работилница на тема „Превенција на насилство“. Учениците учеа како да зборуваат со љубезност, да слушаат едни со други, да прифаќаат различности и да помагаат кога е потребно.

Таквите активности ни помагаат да создадеме пријатна и безбедна атмосфера, каде секој ќе се чувствува среќно и почитувано.

 

психолог Бранка Бранковиќ

 




Обука -„Техники на предавање на училишни предмети преку олимписки вредности“

 

На 25 ноември 2025 година беше реализирана професионална обука на тема „Техники на предавање на училишни предмети преку олимписки вредности“, организирана во соработка со Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК). Обуката имаше за цел да го зајакне професионалниот развој на наставниците преку интеграција на олимписките вредности – пријателство, почит и извонредност – во редовната наставна практика.

            Учесниците се запознаа со современи методи и пристапи за: применување на олимписки вредности во различни наставни предмети, развивање на позитивна ученичка култура, поттикнување на соработка, фер-плеј, почит и упорност кај учениците, осмислување активности со спортски и едукативен карактер.

Клучни содржини од обуката беа интерактивни техники за учење преку игра и спорт, интегрирање на олимписките вредности во наставни единици, методи за мотивирање на ученици преку практични примери од спортот, развивање на инклузивна училница и тимска култура.

Во наредниот период следува практична примена на стекнатите знаења преку работа со ученици.

Обуката се реализираше успешно и претставува значаен чекор во унапредувањето на наставната практика преку воведување на олимписките вредности како воспитно-образовен инструмент. Наставниците добија корисни техники кои ќе ги применат во наставата со цел да се поттикне позитивен развој на учениците и да се создаде средина исполнета со почит, соработка и стремеж кон извонредност.

Директор Татјана Трпеска, педагог Весна Рафеска и наставници: Магдалена Бадарова, Анета Макревска, Весна Милановска, Елена Стојановска, Валентина Димишковска, Јовица Ефтовски и Горан Петковиќ



 

четвртак, 20. новембар 2025.

Одбележување на Светскиот ден на детето 20 Ноември

 

Денот на детето е датум кој се прославува секоја година во чест на децата на национално ниво. Светскиот ден на детето се прославува на 20 ноември за да ја одбележи Декларацијата за правата на детето донесена од Генералното собрание на ОН на 20 ноември 1959 год.

Учениците од 4-д одд. симболично го одбележаа овој ден преку низа активности во училница: изработуваа алки, рамки од различни материјали, усно се изразуваа на тема Убаво е да си дете..., дуваа балони пееа песни и изведуваа ритмички чекорења на истите.

Среќен ден наши најмили! 

одделенски наставник Елена Стојановска





Извештај ,, Родителот во улога на наставник,,

На ден 19.11.2025 година се реализираше работилница во слоп на проектот,, Родителот во улога на наставник,, . Во III a одделение присуствуваше родителката Катерина Стојмановиќ - педијатар, па говоревме за ,, Вируси и бактерии,, наставна содржина по природни науки.

Родителот не запозна како да се грижиме за нашето здравје, редовно миење на раце, здрава храна, редовна вакцинација. Учениците цртаа цртежи на кои ги претставија своите супер херои во борба против вирусите и бактериите, одговараа на квиз прашања, добија пофалници за храброста, родителот направи преглед на сите ученици кои беа присутни. Огромна благодарност до родителката Катерина Стојмановиќ.

Оговорен наставник : Маја Атанасовска Спасеска/ Горица Станковска





Обука-Презентација „Шах во училиштата“

На 19.11.2025год.  Шаховскиот сојуз на град Скопје во салата во општина Кисела Вода реализираше презентација на проектот Шах во училиштата- со цел поттикнување на учениците и наставниците за вклучување во оваа едукативна и спортска активност.

На настанот се промовираше книгата Ајде да играме шах како и се делеа по две шаховски гарнитури за секое училиште.
Преку оваа обука беше пренесено дека Шахот не е само игра -  тој е алатка за развој, размислување и вредности. 
Одговорни наставници:Елена Стојановска Јовица Ефтовски






понедељак, 17. новембар 2025.

Одбележување на Меѓународниот ден на толеранција во нашето училиште

 

На 17 ноември (понеделник) во нашето училиште беше одбележан Меѓународниот ден на толеранција – ден посветен на почитување, разбирање и прифаќање меѓу луѓето.

Учениците од IX-а одделение, заедно со училишниот психолог Бранка Бранковиќ, учествуваа во кратка едукативна активност посветена на значењето на толеранцијата во училиштето и во секојдневниот живот. Преку дискусија, примери од реални ситуации и креативни пораки, учениците зборуваа за тоа како различностите не нè делат – туку нè збогатуваат.

Активноста поттикна размислување за важноста на учтивоста, емпатијата, мирниот дијалог и почитта кон другите, без разлика на мислење, изглед, култура или вера. Учениците заклучија дека толеранцијата започнува од секој од нас, со мал гест, добра збор и желба да го разбереме другиот.

Со ваквите активности, нашето училиште продолжува да гради средина во која доминираат пријателство, поддршка и взаемна почит.

 

Толеранцијата е наш заеднички јазик – да ја негуваме секој ден!

 

психолог Бранка Бранковиќ



Месец на книгата

 

    По повод месецот на книгата од 15 октомври до 15 ноември 2025 год.се реализирани повеќе активности,со цел развивање љубов кон книгата,создавање навики за читање и развивање  способност за творење и создавање свои лични творби.Се организираа различни работилници на теми:

Ø  Поезија на Косара Гочкова

Ø  Настанокот на книгата

Ø  Магијата на книгата

Ø  Краснопис

Ø  Наша библиотека

Ø  Најверни читатели (пофалници)

 

Библиотекар: Александра Милчева



среда, 12. новембар 2025.

Бираме градоначалник во IV-в одделение

 

Согласно планот и програмот за 4 одделение пропишан од БРО, како воннаставна, активност учениците од 4в одделение заедно со наставничката Кети Сталеска, организираа "изборна кампања" која се одвиваше во месец ноември. А непосредните избори се одржаа во месец декември, по завршната дебата. Учениците со задоволство ја прифатија игровната наставна активност и активно работеа на нивната "изборна кампања" така што учениците кои изразија желба да се кандидати за градоначалници како Јована и Јован Тренкоски, Јована Најдановиќ, Јован Костадиновски, Ема Јаховиќ и Борјан Трајчевски, заедно со нивните советници, ученици од нашето одделение, подготвија презентации изработени во PP, флаери, програми, плакати каде ги комбинираа знаењата стекнати по наставните предмети  Македонски јазик,  Информатика и техничко образование и Историја и општество. И со овие активности се претставија на своите другарчиња-избирачи.

Дебата беше јавна и двајца ученици во улога на новинари Јаков Миновски и Бејза Реџепи, на нашата импровизирана телевизија "СКОКО ТВ" ја водеа, а ученикот Андреј Димовски во улога на снимател и режисер ја сними дебатата.

Гласањето го организираше претседателот/ ученикот, Џан Беговиќ.

На тајното гласање за прв градоначалник се избра Борјан Трајчевски. Со среќа да им e. Поддршка за храброста и посветеноста на учениците. Па можеби некој од нив и навистина во иднина и реално ќе биде наш градоначалник.

одделенски наставник Кети Сталеска