На ден 26.9.2025 беше одбележан Европски ден на јазиците со учениците од 4а и 4в одделение под мотото "Секој јазик е нов свет кој треба да се открие-зборувај, сподели, разбери-јазиците се богатство!".
Учениците зборуваа за важноста на различните јазици во Европа и во светот, почитувањето на културните разлики и уживаа во откривање на нови зборови.
На хамери пишуваа пораки за важноста на јазикот, цртаа знамиња од држави во Европа, пишуваа зборови на неколку европски јазици (англиски, француски, германски, италијански, шпански), споредуваа и откриваа сличности меѓу јазиците.
Одговорни наставници:
Магдалена Бадарова
Анета Макревска
Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.