петак, 29. август 2025.

Дезинфекција, дезинсекција и деретизација во ООУ „Рајко Жинзифов“


На 29 август 2025 год. Во централното и подрачното училиште ООУ „Рајко Жинзифов“ беше спроведена редовна дезинфекција, дезинсекција  и деретизација . Овие активности се од големо значење за создавање здрава и безбедна средина во која учениците и наставниците ќе можат да учат и работат без грижи.

Со навременото превземање на вакви превентивни мерки, училиштето покажува посветеност на грижата за јавното здравје и одговорност кон заедницата. Чистата и уредна средина е темел за успешно воспитно-образовен процес, а ваквите активности се дел од нашата заедничка мисија – да обезбедиме најдобри услови за раст и развој на секое дете.



Нема коментара:

Постави коментар

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.