недеља, 31. август 2025.

Полнење на противпожарни апарати

Во периодот од 20 август до 1 септември 2025 година, во централното училиште ООУ "Рајко Жинзифов" во н. Драчево и во подрачното училиште н. Пинтија беше извршено редовно полнење и проверка на противпожарните апарати. 

Со оваа активност училиштето се подготви за безбеден почеток на учебната година, обезбедувајќи заштита и сигурност за учениците и вработените.



петак, 29. август 2025.

Дезинфекција, дезинсекција и деретизација во ООУ „Рајко Жинзифов“


На 29 август 2025 год. Во централното и подрачното училиште ООУ „Рајко Жинзифов“ беше спроведена редовна дезинфекција, дезинсекција  и деретизација . Овие активности се од големо значење за создавање здрава и безбедна средина во која учениците и наставниците ќе можат да учат и работат без грижи.

Со навременото превземање на вакви превентивни мерки, училиштето покажува посветеност на грижата за јавното здравје и одговорност кон заедницата. Чистата и уредна средина е темел за успешно воспитно-образовен процес, а ваквите активности се дел од нашата заедничка мисија – да обезбедиме најдобри услови за раст и развој на секое дете.



среда, 13. август 2025.

Екстерно уредување на училишните дворови во ООУ "Рајко Жинзифов"

Пред почетокот на новата учебна година, во централното училиште во н. Драчево и во подрачното училиште во н. Пинтија беше спроведено екстерно уредување на дворовите. Со оваа активност, просторот околу училиштата доби поуреден и пријатен изглед, создавајќи чиста и безбедна средина за учениците.

Уреденото училишно двориште е првата добредојде за секое дете што доаѓа на училиште, па ваквите активности се значаен дел од подготовките за успешен почеток на наставата.