Во соработка со Општина Кисела Вода, претставници од Здружението на граѓани за унапредување на образование, културата и менторството „НЕЗАПИРЛИВИ—Заедно кон успех“ реализираа работилница во нашето училиште во склоп на нивниот пилот проект „Патот до Успехот“ . Главна цел на работилницата е препознавање и поддршка на талентите кај децата.
Во оваа интерактивна работилница наставниците и стручните соработници ги споделија своите искуства и идеи. Размената на мислења и перспективи за препознавање и поддршка на талентираните ученици беше од огромно значење. Раната идентификацијата на талентите треба да започне од најраната возраст, затое е исклучително важно воспитниот и образовниот кадар да се стекне со соодветни компетенции, се со цел да им се даде адекватна поддршка на талентираните ученици.
психолог Бранка Бранковиќ
„Патот до Успехот“ во ООУ „Рајко Жинзифов“
Нема коментара:
Постави коментар