четвртак, 24. октобар 2024.

Црвен крст на Рајко Жинзифов - хуманитарна акција

        Благодарност до сите ученици и родители, од Драчево и Пинтија што се вклучија во акцијата денот на гладта (16—22 октомври). Собраната храна ќе биде донирана на социјално загрозени семјества.

предметен наставник Горан Петковиќ

одделенски наставник Софија Лукровска




 




среда, 23. октобар 2024.

There Is A Life in School - Етвининг проект II - a продолжен престој

    Учениците од II—а одделение - продолжен престој активно се приклучија во Етвининг проектот ,,There Is A Life in School“ во соработка со други земји учеснички: Турција, Грција, Романија, Латвија, Литванија, Естонија, Бугарија и Азерјбеџан.

      Проектот е подготвен за деца од училишна возраст. Ова е возраста кога децата акумулираат сензорни мерки и претстави за светот околу нив и ја формираат својата сетилна култура. Преку игри, набљудувања и експерименти, децата разиграно ќе го истражуваат светот околу себе и ќе го надоградат знаењето што веќе го стекнале. Тие ќе бидат ставени во проблематични ситуации и сами ќе ги најдат своите решенија. Ќе ја развијат својата имагинација, креативност и логично размислување. Проектот трае од октомври до мај 2025.

    Цели:

1.Да се ​​обезбеди забавна и интересна средина за учење за децата;

2.Во форма на игри и практични задачи, децата го перцепираат светот;

3.Да се ​​развие логично размислување, креативност и способности за набљудување.

одделенски наставник Маја Атанасовска Спасеска



 

 











четвртак, 17. октобар 2024.

ВОЛШЕБНИЦИ НА ЗБОРОТ- Месец на книгата

     Месецот на книгата на 16.10.2024 год. го започнавме со  вредноста на волшебниците на зборот. Учениците се запознаа со неколку автори и нивните дела преку книгата ,,Волшебници на зборот” од Тамара Арсовска. Книгата се родила како плод на новинарска идеја.

библиотекар Александра Милчева



 




среда, 16. октобар 2024.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БЕЛИОТ СТАП 15 ОКТОМВРИ

      Со  учениците од IХ—а одделение го одбележавме 15 октомври Меѓународниот ден на белиот стап. Белиот стап е помагало кое им овозможува на слепите лица и лицата со оштетен вид да се движат со увереност, независност и еднакви можности. Со работилницата им пративме порака на овие лица дека им даваме поддршка ги прифаќаме,  горди сме што ги познаваме и што се дел од нашето општeство кое е еднакво за сите. 

дефектолог м-р Адријана Кукоска



 






уторак, 15. октобар 2024.

ПРЕДМЕТ: ОПШТЕСТВО НАСТАВНА СОДРЖИНА: "Образованието и идната професија"

    Учениците од III—б одделение беа во посета на модното ателје Бабулова—Ангелеска“. Наташа Бабулова Ангелеска е родител во III—б одделение, таа не покани во своето ателје за да не запознае со професијата конфекциски инженер. 

    Изборот на професија е една од најважните одлуки во животот на една личност. Со знаења и вештини што ги стекнуваме во различните степени на образование се оспособуваме за вршење на различни професии. Најчесто професијата ја избираме според нашите интереси и способности.

одделенски наставник Софија Лукровска



 



















понедељак, 14. октобар 2024.

Одбележен Меѓународниот ден на менталното здравје

    По повод на Меѓународниот ден на менталното здравје 10.10.2024 година, училишниот психолог реализираше работилница на тема Зошто се чувствувам...“ во подрачното училиште ООУ Рајко Жинзифов“  во Пинтија со учениците од VIII – г одделение.

    На ден 14.10.2024 година беше одбележан Меѓунардниот ден на менталното здравје во централното училиште со учениците IX – а одделение. Целта на работилницата е учениците на соодветен начин  да се соочат со секојдневните стресни ситуации, како и раното детектирање на проблемите и негативни чувства кај младите.

психолог Бранка Бранковиќ



 





четвртак, 10. октобар 2024.

Активности на Ученичкиот парламент по повод Детската недела

        Ученичкиот парламент се вклучи во одбележувањето на Детската недела.              Членовите на Ученичкиот парламент твореа на следните теми: Правата на детето—Безбеден чекор кон слободно детство“, Ученички иницијативи“, Средината во која децата учат и се развиваат“, Средината во која децата слободно можат да го поминуваат слободното време“.

 


  Истите работилници оддржани се на 10.10.2024 година со учениците од подрачното училиште во Пинтија.


предметни наставници

Магдалена Бадарова,

Анета Ѓ. Арсовска

Каролина Коларовска,

педагог Весна Рафеска

психолог Бранка Бранковиќ

 

 















Одржана приредба за одбележување на Детската недела и прием на првачиња во Детска Организација

        На ден 9.10. 2024 год. во нашето училиште се одржа свечена приредба на тема Правата на детето - безбеден чекор кон среќно детство“ за прием на првачињата во Детската организација.

      Сценариото и драматизацијата беа подготвени од учениците од второ одделение и нивните наставници: Горица Станковска, Билјана Шоклевска и Моника Цаневска. На крајот од приредбата првачињата дадоа свечена заклетва.



 


















уторак, 8. октобар 2024.

ПРЕДАВАЊЕ ОД ЦЕНТАР ЗА ДИЈАБЕТ

    Инклузивниот тим на училиштето и инклузивниот тим на ученик во соработка со родител следеа предавање од Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија.       Оваа обука имаше за цел наставниците да се стекнат со  знаења за дијабет, типови на дијабет како треба правилно да се постапи при појава на првите знаци на дијабет, превенирање, препознавање и брзо постапување кон нашиот ученик.

дефектолог м-р Адријана Кукоска



 














Работилница во ООУ „Рајко Жинзифов“ во склоп на проектот „Патот до Успехот“

 

       Во соработка со Општина Кисела Вода, претставници од Здружението на граѓани за унапредување на образование, културата и менторството НЕЗАПИРЛИВИ—Заедно кон успех“ реализираа работилница во нашето училиште во склоп на нивниот пилот проект Патот до Успехот“ . Главна цел на работилницата е препознавање и поддршка на талентите кај децата.

            Во оваа интерактивна работилница наставниците и стручните соработници ги споделија своите искуства и идеи. Размената на мислења и перспективи за препознавање и поддршка на талентираните ученици беше од огромно значење. Раната идентификацијата на талентите треба да започне од најраната возраст, затое е исклучително важно воспитниот и образовниот кадар да се стекне со соодветни компетенции, се со цел да им се даде адекватна поддршка на талентираните ученици. 

психолог Бранка Бранковиќ

  „Патот до Успехот“ во ООУ „Рајко Жинзифов“


понедељак, 7. октобар 2024.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 6 ОКТОМВРИ СВЕТСКИ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

          Во чест на светскиот ден на лицата со церебрална парализа, на денот за подигнување на свеста за овие лица, реализивавме работилници со учениците од IX одделение, преку кои им дадовме поддршка и им покажавме дека сите ние сме едно и сите ние сме различни но имаме исти права и должности.

дефектолог м-р Адријана Кукоска

 





недеља, 6. октобар 2024.

5 OКТОМВРИ - СВЕТСКИ ДЕН НА НАСТАВНИКОТ

        По повод денот на наставникот беше распишан литературен конкурс на тема Твориме во ваша чест“.  Конкурсот беше наменет за учениците од VI—IX одделение, како од централното така и од подрачното училиште во Пинтија.

          Учествуваа голем број на ученици, но од подобрите избрани творби, беше организирано литературно читање во просториите на училишната библиотека. Од литературните творби се изработи збирка како мотив на учениците за понатамошно учество и творење. Беше изразена голема благодарност до сите учесници од присутните. Исто така на училишната разгласна станица се прочита реферат посветен на наставникот. Овие активности беа реализирани од страна на предметните наставници по македонски јазик: Љупка Мишевска, Каролина Коларовска, Елена Ристевска во соработка на училишниот библиотекар Александра Милчева.



























петак, 4. октобар 2024.

Реализирана посета во Природонаучен музеј

    На ден 3.10.2024 год. учениците од III-г и III-д одд. од подрачното училиште реализираа посета во НУ- Природонаучен музеј на РС Македонија - Скопје.

    Се здобивме со многу нови знаења за природното богатство и биолошката разновидност на нашата територија, но си повторивме и за изученото во училиште за сличности и разлики на скелетот кај животните и човекот... Не пречека тетка Лиле и цели 2 часа се обиде да го задржи нашето внимание раскажувајќи за најстарите фосили потоа за фосилните остатоци од изумрени видови на слонови, жирафи и други праисториски животни кои живееле на територијата на денешна Р.С Македонија. Следуваа витрините со растенија, безрбетниците, цицачите...

    Потоа за крај ја посетивме и тематската изложба во склоп на музејот Македонска медоносна пчела“.

Одлично искуство,кое вреди да се доживее!!!

одделенски наставник Елена Стојановска



 

                                                                     
















уторак, 1. октобар 2024.

МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ

 

    На ден 30.9.2024 учениците во училишната библиотека се запознаа со одржувањето на библиотечни каталози. Библиотекарот им објасни како самостојно да ги користат разните извори на знаења, да консултираат речници,енциклопедии,лексикони и друг информативен материјал.

библиотекар Александра Милчева

 





Учество во обука „Превенција и заштита од семејно насилство“

 

    Општина Кисела Вода со поддршка на Градоначалникот  Орце Ѓорѓиески организираше обука за наставниците и стручните соработници на тема Превенција и заштита од семејно насилство“. Реализатори на обуката беа претставници од МТСП и СВР Скопје—единица за семејно насилство.

    Наставниците и стручните соработници имаа можност да присуствуваат на обуката во два термини, на 25.9.2024 год. во Дом на култура Билјана Беличанец“ и на 30.9.2024 год. во Дом на култура Драчево“ и дополнително се стекнаа со сертификати.