Тргнувајќи од целите кои ги има ученичкиот парламент, предмет на работа оваа учебна година се активности кои се однесуваат на поттикнување на учениците за вклучување во училишни и вонучилишни активности, како и постигнување на повисоки резултати во воспитно-образовниот процес, примена на Кодексот за однесување, Кодексот на оценување, подобар ученички стандард, хуманитарни и еколошки активности, општествено-корисни работи, почитување на различностите, демократичност. Особено внимание се посветува на грижата за заштита и унапредување на правата и обврските на учениците.
Бирањето на претседател и заменик на Ученичкиот парламент е тајно и демократски, преку отворен повик за номинирање за избор на претседателство. Право на номинација имаа сите ученици од осмо и девето одделение. Учениците кои сметаат дека ги исполнувват критериумит пополнија Формулар за кандидатура за претседател на Ученички парламент и се претставија со свое мотивационо писмо, а тоа се: Матеј Меновски 9а одд., Андреа Мемиш Апостоловска 9а одд, Ајлин Демири 9б, Антонио Велковски 9б, Андреј Николовски 9в, Мила Младеновска 9в, Илина Трајковска 9г и Ања Коцев 9г. Гласањето се спроведе тајно и по пребројувањето на гласовите за претседател е избрана Ајлин Демири 9б одд., а за нејзин заменик е Матеј Меновски 9а одд. За записничар на состаноците е избрана Теона Николова 8г одд. Избраните ученици искажаа задоволство од укажаната доверба, но воедно ветија дека максимално ќе се вложат за подобрување на квалитетот во училиштето и неговото организирање.
20.9.2024 Весна Рафеска-педагог
Магдалена Бадарова-предметен наставник
Нема коментара:
Постави коментар