понедељак, 30. септембар 2024.

Одблележување на Европскиот Ден на Јазиците под мотото "Happy people will change the world"

Со учениците од 5а, 6а, 6б и 6в одделение се одбележа Европскиот Ден на Јазиците во кој тие 

цртаа и пишуваа што ги прави среќни. 
Ги презентираа изработките и изведуваа заклучоци за поимот „среќа“. 









понедељак, 23. септембар 2024.

Ученички парламент

Тргнувајќи од целите кои ги има ученичкиот парламент, предмет на работа оваа учебна година се активности кои се однесуваат на поттикнување на учениците за вклучување во училишни и вонучилишни активности, како и постигнување на повисоки резултати во воспитно-образовниот процес, примена на Кодексот за однесување, Кодексот на оценување, подобар ученички стандард, хуманитарни и еколошки активности, општествено-корисни работи,  почитување на различностите, демократичност. Особено внимание се посветува на грижата за заштита и унапредување на правата и обврските на учениците. 
Бирањето на претседател и заменик на Ученичкиот парламент  е тајно и демократски, преку отворен повик за номинирање за избор на претседателство. Право на номинација имаа сите ученици од осмо и девето одделение.  Учениците  кои сметаат дека ги исполнувват критериумит пополнија Формулар за кандидатура за претседател на Ученички парламент и се претставија со свое мотивационо писмо, а тоа се: Матеј Меновски 9а одд., Андреа Мемиш Апостоловска 9а одд, Ајлин Демири 9б, Антонио Велковски 9б, Андреј Николовски 9в, Мила Младеновска 9в, Илина Трајковска 9г и Ања Коцев 9г. Гласањето се спроведе тајно и по пребројувањето на гласовите за претседател е избрана Ајлин Демири 9б одд., а за нејзин заменик е  Матеј Меновски 9а одд.  За записничар на состаноците е избрана Теона Николова 8г одд. Избраните ученици искажаа задоволство од укажаната доверба, но воедно ветија дека максимално ќе се вложат за подобрување на квалитетот во училиштето и неговото организирање. 

20.9.2024   Весна Рафеска-педагог
Магдалена Бадарова-предметен наставник






четвртак, 19. септембар 2024.

Доделување на плакета за Етвининг училиште

Ден  исполнет со емоции. Горди сме на освоената плакета ,за која несебично се трудевме , работевме, комунициравме, учениците се здобија со повеќе знаења, стекнаа нови пријателства, употребуваа ИТ алатки . Благодарност до учениците и нивните семејства кои несебично се вложија во реализација на овие проекти. Продолжуваме понатаму , промовирајќи го нашето училиште на мапата на Европа.












среда, 4. септембар 2024.

Свечен прием на првачиња во централното училиште

На 02.09.2024 година се одржа Свечен прием на првачињата во нашето училиште. Учениците од второ одделение под менторство на своите одделенски раководители подготвија приредба и им посакаа топло добредојде на своите другарчиња- првачиња преку игра, песна и рецитали. На присутните им се обрати директорот на училиштето Горанчо Јакимов и градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓоргиевски. За секое прваче беше обезбеден и доделен ранец и училиштен прибор, подарок од општина Кисела Вода. 

Драги ученици , бидете мудри, креативни и трудољубиви, уживајте во новиот дел на патувањето низ школувањето ! Среќен почеток !

Одговорни наставници :

Маја Атанасовска Спасеска / Горица Станковска

Билјана Шоклевска

Цветанка Ѓорѓиевска / Моника Цаневска