четвртак, 18. јануар 2024.

Новогодишна приредба

 

            Насмевки, радост, љубов, игра, среќа, песни, беа само дел од Новогодишната приредба, која блесна во својот сјај на ден 29.12.2023 година, во нашето училиште.

            Прекрасниот амбиент во холот, со извонредната сценографија, го надополнуваа чувството на задоволство и восклик на сите присутни. Учесниците, на чии лица се читаше волшебниот збор СРЕЌА, со голема љубов пристапија кон подготовка и реализација на сите точки, кои една по една се нанижаа на празничниот кристален ѓердан.

Помалите во улога на реализатори, поголемите во улога на публика, но и обратно, поголемите реализатори а најмалите во публика, со испреплетени улоги и  чувства, сите заедно придонесоа за овој убав настан, да биде совршено успешен, со што нашето училиште, негувајќи ја традицијата покажа како безброј пати до сега, дека во него сме сите исти и во него сме сите еднакви!

Посакувајќи си убави желби за здравје, со многу радост и насмевки, со многу љубов и прегратки, на сите Ви ја честитаме Новата 2024 Година!

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!!!

 



Одговорните наставници

Актив четврто и петто одделение

Нема коментара:

Постави коментар