уторак, 28. новембар 2023.

Посета на фабрика за здрава храна „Виталија“

 

    Во рамките на воннаставни активности, учениците од II - б одделение во соработка со родителите, ја посетија фабриката за здрава храна „Виталија“.

Во рамките на посетата учениците се запознаа со вработените на фабриката, процесот на подготовка на производите и нивната вредност по здравјето на најмалите. “Здрава храна за здрави генерации“ е мотото на фабриката, за таа цел учениците учествуваа во работилница преку која го разберат значењето на мотото и како истото да ги применат во секојдневниот живот. Учениците имаа можност да вкусат дел од производите на „Виталија“, а дел од производите ги добија и како подарок. Од фабриката заминавме среќни, задоволни со желба за повеќе вакви и слични посети во иднина.



Одговорни:

оддленски наставник: Лукровска Софија


Нема коментара:

Постави коментар