понедељак, 16. октобар 2023.

Отворен час на тема „Европски ден на јазиците“

     На ден 21.9 2023 се одржа отворен час на тема „Европски ден на јазиците“ од страна на предметните наставници Анета Макревска и Магдалена Бадарова, во паралелката Iа одделение.

    На почетокот на часот наставничките се претставија и им објаснија на учениците за Денот на Европските јазици,кој се прославува на 26.9 2023, зошто учиме стански јазици, за кои странски јазици слушнале првачињата, а гости на часот беа и ученици од шесто и семо одделение, кои им се претставија на првачињата на англиски јазик,  што беше мошне интересно за учениците.

    Преку песна која беше пуштена на екранот, првачињата беа запознаени со повеќе начини на поздравување, односно поздравување на повеќе јазици, пееа сите заедно. Добија знаменца на кои пишува „здраво“ на неколку европски јазици, и учениците ги залепија на стапчиња и се поздравуваа. Потоа  им беа поделени знамиња од неколку европски држави, кои учениците соодветно ги боеја. На крај им беа поделени рамки за слика, составени од знамиња на држави од Европа, каде што се нацртаа како се чувствуваа за време на часот.

    На крајот од часот им беа поделени мафини на кои имаше знаменца од различни европски држави кои беа подарок од нивната наставничка.



Нема коментара:

Постави коментар