петак, 26. фебруар 2021.

ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

 


По повод меѓународниот ден на  мајчиниот јазик  21 февруари, учениците од седмо одделение изработија презентација за развојот на македонскиот јазик, додека пак учениците од шесто одделение твореа во чест на својот јазик под менторство на наставничката по македонски јазик Мишевска Љуба.

За македонцка народност, македонцка литература и литературен јазик није ке можиме да му мислиме само, кога ќе заживејеме једнаш слободен политичен живот; а до тогај нам ни требит, није да сме сојединени.


Мојот мајчин јазик

  Читајќи ги старите пожолтени книги од древните просветители се повеќе навлегував и размислував за нашиот мајчин јазик. Секакви мисли ми се вртеа низ главата. Си поставив многу прашања но само на едно не можев да најдам вистински одговор. Што всушност претставува нашиот мајчин јазик? Ова длабоко сеќавање е мостот до нашата иднина. Сонцето кое го осветлува нашиот пат, ѕвездата која постојано ќе не следи во животот.                                                                                                     

 Мајчиниот јазик е бесценета книга која постјано се надоградува,наша духовна храна, наш идентите.Тој е нашата основа, она што не држи исправени, патоказ кон животот.Библиотека, полна со стари историски книги. Додека читав се повеќе и повеќе се задлабочував во речениците. Сјајот во моите очи не згаснуваше. Неизвесноста растеше,а со тоа се зголемуваше и љубопитноста кај мене. Си помислив ова безвременско бујно дрво е коренот на нашиот живот кој треба да го негуваме и чуваме. Нашите просветители  го посветиле својот живот за да го создадат она што денес го имаме-свој  јазик,гордост,македонски збор.Тие ни го подариле ова најсилно и најскапоцено оружје. Го осветлиле времето на незнаењето,ја осветлиле нашата иднина.Тоа е најголемото богатство што еден човек може да го поседува.Столб  на кој можеме да се потпреме во секое време. „Да се откаже човек од својот мајчин јазик значи да се откаже од својот народен дух“-овие зборови на Мисирков се всушност најголемата вистина на постоењето на еден народ. Ние имаме мајчин јазик кој е наш,наша иднина,наша надеж наше постоење.

                                                               Изработила:Јована Пешова VIa 


МОЈОТ МАЈЧИН ЈАЗИК

 

Тој како невино срнино око е чист,

ко белото лице на младата мамичка ист.

Јасен и точен како уметничка слика,

пријатен и мил како познатата мајчина лика.

 

Бистар и брз како планински извор блика,

тој, деца, мајчин јазик се вика.

Тој ти го осветлува патот, ти дава сила,

те води низ животот како птица леснокрила.

 

Во темната,  бескрајна ноќ,

тој е единствената сјајна ѕвезда, единствена моќ.

Како гласот на славејот песнопоен,

како слаткиот мирис на цветот разнобоен.

 

Петар Томановски   VIа

 


Горе-прикажаната презентација можете да ја видите или превземете на следнава адреса:
https://docs.google.com/viewer?a=v&pid=sites&srcid=ZGVmYXVsdGRvbWFpbnxyYWprb3ppbnppZm92fGd4OjFmY2E5MDA2YzA2YmZkOGU

Нема коментара:

Постави коментар