среда, 13. јануар 2021.

НОВОГОДИШНА ПРИРЕДБА

               Во услови на пандемија не изостануваат воннаставните активности на учениците од второ одделение. Со дел од учениците од II д одделение на платформата Microsoft Teams реализиравме драматизација на текстот „Приказна за ветерот Северко“. Мотивирани од драматизацијата подготвивме новогодишна приредба. За кратко време новогодишната магија беше присутна кај секој од нас. Дечињата ги рецитираа песните „Нова година“, „Дедо Мраз“, „Ѕвони ѕвон“ и други новогодишни песни. Дечињата испеаја песна на англиски јазик подготвена од наставничката по англиски јазик: Маја Димеска, играа на звуците на песната, а на крајот ја испеаја песната „Трепкај, трепкај елкичке“. Слична таква Приредба подготвија и учениците кои следат настава со физичко присуство со наставничката: Богданка Пановска. Со кратката приредба се означи крај на првото полугодие, а децата  речиси едногласно ја кажаа желбата: Да се вратат побрзо во училишните клупи и да бидат заедно со другите другарчиња.



Нема коментара:

Постави коментар