понедељак, 16. новембар 2020.

Отворен час по Општество во V-в

На 13.11.2020 год. во V-в одд. од страна на одделенскиот наставник Ирена Ѓоршевска беше одржан  отворен час по Општество, наставна содржина: „Република Северна Македонија за време на Балканските војни и Првата светска војна“. Часот кој се одржа online на MC Teams беше посетен од стручната служба на училиштето и од оддделенски наставник.

Часот започна со употреба на техниката ЗСН (знам – сакам да знам- научив). Исто така проследија презентација во  Power Point, при што учениците се запознаа со почетокот и целта на Балканските војни и Првата светска војна како и за учеството на Македонците во овие војни . Во текот на целиот час владееше работна атмосфера, како и заинтересираност од страна на учениците. На крајот на часот наставникот изврши рефлексија, така што учениците според дадената техника го искажуваа она што го научиле.

Присутните искажаа голема благодарност за присуството со надеж дека поскоро повторно ќе бидат во училишните клупи меѓу своите соученици.

    Одговорен наставник на стручен актив за одделенска настава: Весна Стевановска 



Нема коментара:

Постави коментар