недеља, 5. април 2020.

Учество со видео часови на Едуино, националната веб-платформа


Едуино, националната веб-платформа


По повикот на министерот за образование и наука  до училиштата и наставниците за организирање на е-настава за сите деца, МОН  во соработка со УНИЦЕФ подготвува национална платформа за е-настава. За таа цел учество земаа и одделенски  и предметни наставници од нашето училиште кои имаат добри информатички способности и знаења. Таа платформа ќе понуди видео лекции, односно разработка на методски единици за сите одделенија и сите задолжителни предмети. Видео лекциите се во траење од 15-тина минути и се  придружени со презентација и нарација/објаснување од наставничката/наставникот.

Од нашето училиште следните наставници приготвија видео часови:

I одделение Мануела Маркоска, наставен предмет Ликовно обтазование, наставна содржина Печатење

II одделение Маја Атанасовска Спасеска наставен предмет Македонски јазик, наставна содржина   Поим за бајка

III oдделение Билјана Илиева, наставен предмет Македонски јазик, наставна содржина Гатанки

              IX одделение Сандра Трпческа наставен предмет Биологија, наставна содржина Адаптација на животните


VII одделние Виолета Павлеска, наставен предмет Математика, наставна содржина Одредување агли на дијаграми


            Едуино, националната веб-платформа за образование можете да ја најдете на следната адреса:

http://www.eduino.gov.mk/


Училишен педагог Весна Рафеска




Нема коментара:

Постави коментар