петак, 14. фебруар 2020.

Предавање за Шах и избор на екипи од ООУ „Рајко Жинзифов“ за учество во меѓуучилишен натпревар



            На 13.II.2020 во ООУ „Рајко Жинзифов“ велемајсторот Роландо Кутиров одржа кратко предавање за шах, по кое  претставниците на неговиот шаховски клуб поставија табли за шах и учениците кои се пријавија за учество се соочија во оваа древна игра.
            Со помош на велемајсторот Роландо Кутиров и неговите помошници беа избрани учениците кои ќе го претставуваат училиштето во екипното натпреварување наредниот месец и тоа во група до 5-то одд: Александар Муриќ IVв, Јана Коруноска IVв, Александар, Станојевиќ IVб, Милан Станојевиќ IVб и Каан Ибровиќ IVб, во група 6-то и 7-мо одд: Моника Стојанова 7г, Ален Јованчев 6г и Јован Блажевски 6г, а во група 8-то и 9-то одд: Амил Мекиќ IXв, Лука Бакиќ IXв, Методиј Јанкуловски VIIIв и Александра Андонова VIIIв одд.
            По првото учество на двајца ученици од ООУ „Рајко Жинзифов“ на почетокот на оваа училишна година на индивидуално натпреварување ова ќе биде второ учество на шаховско натпреварување во иста училишна година овој пат на екипно натпреварување. Претходниот пат изразив надеж дека учеството на овој тип натпреварувања на ученици од нашето училиште ќе прерасне во традиција. Сега имајќи го в предвид интересот кај сите ученици посебно кај најмалите кои уште долго време ќе бидат наши ученици сигурен сум дека ова ќе биде така. Останува само да им посакаме среќа и успех во натпреварувањето.
                                                                      Одговорен наставник: Димитар Чоковски







Училишен натпревар по англиски јазик

На 11.02.2020 год. (вторник) во просториите на  ООУ „Рајко Жинзифов“ беше одржан училишен натпревар по англиски јазик со учениците од 5-то до 9-то одделение. Во натпреварот земаа учество вкупно 63 ученика, од кои 10 ученика се пласираа за учество на општинскиот натпревар по англиски јазик ЕЛТАМ, односно по два ученика од секое одделение.
Следниве ученици освоија 1-во и 2-ро место на натпреварот:
5-то одделение: Андријана Стојановска, Антонио Стојчески,
6-то одделение: Ивона Радеска, Јана Стамкова,
7-мо одделение: Матеј Јаневски, Леа Петрушеска,
8-мо одделение: Анастасија Манчевска, Ана Крстевска,
9-то одделение:Иван Томашевски и Јована Николовска.

     Одговорни наставници: Магдалена Бадарова, Маја Димеска и Анета Макревска


 

Нема коментара:

Постави коментар