четвртак, 5. октобар 2017.

5 Октомври – Светски ден на учителот

Да се биде учител е благородна,  хумана, но истовремено и одговорна задача. Вистинската  вредност на учителот не се одредува од тоа колку знае, ниту пак од неговата способност да го пренесе она што го знае,  туку од способноста да ја стимулира желбата кај другите да знаат.

          По повод 5-ти Октомври – Светскиот ден на учителот, училиштето „Рајко Жинзифов“,  како и секоја година, организираше литературно читање, на кое учениците се претставија  со свои лични поетски и прозни творби посветени на наставниците.  Учениците имаа можност своите творби да ги напишат на мајчиниот јазик на кој што зборуваат, така се слушнаа јазиците на националностите: турски, бошњачки, грчки, ромски.


На тој начин, не само што им одадоа почит и значење  на наставниците и го одбележаа овој значаен датум, туку го развиваа и негуваа својот креативен и творечки дух. Дел од творбите беа прочитани пред наставниците, а останатите ученици имаа можност да се претстават  на часот посветен на литературно читање.
          Најмалите ученици од прво до трето одделение  ликовно се изразуваа на тема  „Мојата учителка“.



Нема коментара:

Постави коментар